Кралицата на морето – скромната сардина и црешата, едно од овошјата кои први го навестуваат летото, од 2-ри до 9-ти јуни заедно ќе го претставуваат овогодинешното издание на Ri Gastro.
Оваа недела започнува да се одржува годинешната недела на одличната храна во Хрватска. Ланската Ri Gastro сезона се однесуваште на аспарапус а оваа година местото им се препушта на новите ѕвезди – сардината и црешите. Угостителите од Рјека, како домаќини на оваа манифестација, преку своите менија, по промотивни цени ќе ги претставуваат деликатесите на оваа тема со двете состојки, се со цел да се зачува традицијата на Медитеранската исхрана. Хуманитарниот настан, Gastro Cooking Show, ќе пренесе дел од угостителската понуда во која е вклучена и хуманитарната мисија за да ги “намамат“ повремените минувачи на таверни и ресторани подобро да се запознаат со сардините и слатките од цреши. Во шоуто ќе се приклучи и Угостителското училиште од Опатија со презентација на солени сардини. За едукативниот дел ќе се погрижат Станција Ковачичи со кулинарска работилница и работилница Cukerin во која ќе се прават слатки за деца со цреши.

