Пригответе Сукијаки (Sukiyaki – 剥焼)

by ugostitelstvo.mk

Еден од најпознатите жешки јадења во Јап онија, комбинацијата од сладок и солен вкус, со микс од говедско месо и зеленчук. Обично се готви во леано железо. Овој познат јапонски рецепт многу е погоден за сервирање кога имате гости.

Најдобро е да го подготвите – ако имате- решо на маса во едно тркалезно тавче. Во источниот дел на Јапонија (Канто), тие ги користат измешаниот сос наречен “Warishita” направени од шеќер, соја-сос и мирин. Обично се јаде со стапчиња, но Вие можете да употребувате и вилушки. Покрај секоја чинија се става еден мал сад со живо јајце. Додека во тавчето се пржи Сукијаки, секој од гостите сам го замотува јајцето, затоа што во него треба да се натопи секој подготвен залак од Сукијаки-то.

beef-sukiyaki-recipe-2-550x721Потребни намирници за едно лице:

  • 150 гр нежно говедско месо (цело парче)
  • 10 гр фиде, една главица праз
  • 100 гр зелка
  • едно парче млад бамбус (може и без него)
  • 60 гр печурки (по можност свежи)
  • половина мала главица кромид
  • 60 гр брашно од соја
  • малку рендан кашкавал
  • говедска супа
  • две лажици сос од соја
  • малку саке (вино од ориз, или само бело вино)
  • шеќер по желба и едно јајце

Подготовка
Замрзнете го прво месото, замрзнетото месо полесно се сече. Потоа сечете сосема танки ливчиња од него. Ставете ги во една чинија и оставете ги на студено. Сварете го фидето и исцете го од водата. Исчистете го и измијајте го зеленчукот. Празот, употребете го и белиот и зелениот дел, исечете го на еднакви парчиња големи колку еден залак, сторете го истото и со зелката. Ако најдете млад бамбус, исечете го на кругови- инаку може да го изоставите. Печурките пресечете ги на два делови, а доколку се многу големи, на четири. Наредете го зеленукот по видови на една штичка. Ставете го кашкавалот, супата и фидето во садовите за да бидат готови. Фидето иситнете го уште малку со ноже и ставете го во една чинија.
Bulgogi Brothers beef brisket bbq
Намачкајте ја тавата со масло и испржете еден дел од месото една до две минути (ставајте месо, доволно за еден гостин). Соберете го месото на една страна од тавата, и потоа пржете го зеленчукот; додавајте еден вид по еден. По вкус зачинете го со сос од соја, шеќер или саке. СЕ натопете со супата и загрејте ја во иститот сад малку од фидето и кашкавалот. Послужете. Како што напоменавме, секој залак се става во живото јајце. Потоа ставете нови состојки, за друго лице.

Добар апетит!

Слични написи