Отворен кафе бар во кој се е бесплатно, освен времето. Во Лондон почна да работи првиот кафе бар каде се е бесплатно, освен времето кое се наплаќа три пени по минута.
Тоа е всушност руски синџир на продавници за кафе “Ziferblat”, кој сега го доби својот прв објект во Велика Британија. Името на кафе барот е создадено од руски и германси јазик и означува часовник. Идејата на барот е во тоа, кога гостите ќе влезат внатре, да земат еден часовник од плакарот, да го наместат времето и аларм ќе се огласи по истекувањето на определеното време (на пример 1 час).
Не постои минимално време што гостите можат да го поминат во ова кафуле.
Гостите имаат пристап до кафе, разни пијалоци, колачи, овошје, зеленчук, бесплатен интернет па дури можат да ја користат кујната сами, и да си подготват храна и кафе. Гостите смеат да свират на пијано, а еден час во барот, со се она што има да понуди ова место чини 1 фунта и 80 пени. Сопственикот Иван Митин отворил 10 вакви барови низ Русија и сега сака да ја започне својата имплементација на идеји низ светот. Тој нагласил дека доколку сакаат гостите можат слободно и да ги измијат садовите, се е до тоа како се чувствуваат. Останува да се види како ќе се прифати оваа идеја, и како клиентите би го прифатиле отчукувањето на часовникот додека го пијат своето кафе, релаксирано?!