Објавена листата на 50-те најдобри ресторани на светот

by ugostitelstvo.mk

На врвот на листата 50 најдобри ресторани во светот е зацврстен шпанскиот ресторан El Celler de Can Roca, кој го водат тројца сопственици. El Celler de Can Roca го доби најпосакуваниое епитет во светот на ресторанското работење „Најдобар ресторан за светот“. Оваа награда беше доделена на церемонија во Лондон, спонзорирана од S.Pellegrino и Acqua Panna.

Модернистичкиот El Celler, кој се наоѓа во Жирона, Шпанија, го турка од највисокото место на престолот ресторанот Noma во 2013 година, но и оваа година, ресторанот Nomа беше повторно поразен од истиот ресторан, меѓутоа сега веќе се спушти за два места подолу на листата. Интересно е дека двата највисоко рангирани американски ресторани се симнаа од местата на кои беа во 2014 година, меѓутоа сепак најголемото изненадување сигурно беше „Белиот зајак“ од Москва кој од 23-тото место, ја врати Русија во најдобрите 10.

Интересно е и тоа што во овогодинешнава листа немаше женски готвачи, а исто така немаше учесници од блискиот исток, ниту од Индија. Истотака треба да се напомене дека оваа годишна гласањето беше решено со судска одлука од страна на глобалната консултанска фирма Deloitte. Членовите, гастрономи, готвачи и пишувачи на рецепти одлучуваат за рестораните и нивното место на ранг листата.

Неколку податоци за цените и готвачите на најдобрите ресторани низ светот:

1. El Celler de Can Roca. Готвач: Joan Roca. Ранг од минатата година: второ место. Вообичаена вечера: €165-€195
ccr08
2. Osteria Francescana, Италија. Готвач: Massimo Bottura. Ранг од минатата година: трето место. Вообичаена вечера: €170-€195
2
3. Noma, Копенхаген, Готвач : René Redzepi, Ранг од минатата година:прво место, Вообичаена вечера: $254
3
4. Central, Лима, Перу. Готвач : Virgilio Martinez , Ранг од минатата година:15 –то место, Вообичаена вечера: $95-$123
4
5. Eleven Madison Park, Њујорк. Готвач : Daniel Humm. Ранг од минатата година: четврто место. Вообичаена вечера: $225
5
6. Mugaritz, Шпанија. Готвач : Andoni Luis Aduriz. Ранг од минатата година: шесто место. , Вообичаена вечера : €185
6
7. Dinner by Heston Blumenthal, Лондон. Готвач : Ashley Palmer-Watts. Ранг од минатата година: петто место. Вообичаена вечера £57.50-£81
7
8. Narisawa, Токио. Готвач : Yoshihiro Narisawa , Ранг од минатата година: 14 –то место, Вообичаена вечера:$208
8
9. D.O.M.Сан Паоло, Бразил. Готвач : Alex Atala . Ранг од минатата година: седмо место. Вообичаена вечера $125-$174
9
10. Gaggan, Бангкок, Готвач : Gaggan Anand. Ранг од минатата година: 17 -то место. Вообичаена вечера: $75-$119
10

Слични написи