Најстарите барови низ светот

by ugostitelstvo.mk

cafev3-1364080068
Herberg Vlissinghe
Овој бар се наоѓа во градот Бриж, Белгија во 1515 год и попознат е како најстар бар. Како некогаш популарно место за многу познати сликари, вајати и архитекти на 19-от век, овој паб успеал да ја задржи својата популарност кај локалите жители кои го ценеле менито и пријатната атмосфера на барот. Се смета дека внатрешниот ентериер дефиниран со лустери, врамени слики и богат мебел служи како враќање назад кој својата историја.

il-brindisi_ferrara
Al Brindisi
Лоциран во Ферара, Италија – рај за пиење. Официјално отворен во 1435 година, Al Brindisi барот смета дека е најстариот вински бар на светот, иако тоа било популарно место уште во 1100 година. Al Brindisi успеа да привлече многу познати личности како уметникот Тицијан, астрономот Коперник и папата Јован Павле Втори, кој го посетил барот на 500-годишнината од раѓањето на Коперник. Многу години подоцна, тој сеуште нуди избор на правливи шишиња и многу специјалности со тестенини.

kytelers-inn-kilkenny-1
Kyteler’s Inn
Основан од Alice de Kyteler во 1324 година, Kyteler Inn се наоѓа во Килкени, Ирска и го задржа својот стил како на малиот ирски град. Чувајќи го своето наследство, Kyteler бил осуден за вештерство и побегнал во Англија, при што пабот добил на популарност. Според новата споственост во 1986 година, пабот е оживеан како популарна локција во рамките на Килкени, и нуди традиционална храна и пијалоци со ирско гостопримство.

21931-ut-sion-2013-221
Brauhaus Sion
Основан во 1318 година во градот Келн, Германија. Овој бар е сведок на повеќе феудални промени, застој во производството (пиварницата беше бомбардирана на 31 мај 1942 година) и целосно уништени објекти по завршувањто на војната.

4690068
Ye Olde Man & Scythe
Се наоѓа во градот Болтон, Англија, и официјално започнал со работа во 1251, но сепак можно е и порано од оваа година, бидејќи не е точно евидентирано. Иако пабот е популарен и кај своето локално население, изложен бил на многу реновирање низ годините, но подрумот останал во оригиналната структура и денес, како реликт на својата богата историја.

2009_08_11_01969_Dublin_The-Brazen-Head
The Brazen Head Pub
Се наоѓа во Дублин, Ирска, и бил отворен пред 17 век, иако некои записи ја спомнуваат 1198 година. Оригинално место за пиење, а денес освен тоа, низ објектот меже да забележите и восочни фигурни на познати личности, како и слики кои ги покриваат ѕидовите.

ye-olde-trip-to-jerusalem
Ye Olde Trip to Jerusalem
Именуван по крстоноснките војни во 12 век, овој паб датира од 1189 година. Се наоѓа во велика Британија, и е оформен од варовнички карпи и со состои од мрежа на пештерите, бидејќи горниот дел се користи за пиење, а долу е залихата односно пиварницата.

Oldest-Bars-in-the-World-Top-10-3.-Zum-Riesen-Germany-2
Zum Riesen
Основан околу 1150 година, оваа таверна се наоѓа во Ликтенберг, Германија. И покрај успехот како бар, тука е темната историја, каде се извршувале невообичаени испитувања врз луѓе. Многу од сопствениците биле осудени на смрт. Оваа таверна и покрај големите промени и реновирање, сепак претставува богато и хаотично наследство.

photo
The Bingley Arms
Најстаро познато место за пиење во Велика Британија. Често кога патувале монасите и добивале потреба за одмор, на означени места во пабот одморале и се криеле од кралот Хенри VIII. Историјата на пабот доведе до голем број приказни и видувања кои сведочат за неговото значително минато.

Слични написи