Најголемата збирка на стар алкохол, продадена за 8 милиони!

by ugostitelstvo.mk

Холанѓанецот Bay van der Bunt ја продал титулата на сопственик на “Најголемата колекција на стар алкохол во светот”. За жал, тој сепак бил подготвен да се откаже од титулата по цена од 8 милиони долари. Историската збирка има над 5000 шишиња алкохол, меѓу кои 250 годишен стар коњак, виски, Armagnac, Port, Madeira и други ретки ликери.

Според Bay, тој и неговата сопруга немале потенцијали наследници, бидејќи немале деца, и така не би имало кој да се грижи за нивната скапоцена колекција. Реткиот колекционер, 63-годишен Холаѓанец, кој невообичаено не пие од колецијата, имал време низ животот да посвети внимание на најдобрите и најретките пијалоци на земјата. Многу примероци, кои датираат од 1789 година, сеуште се наоѓаат во колекцијата, произведени за време на Француската револуција и инаугурацијата на Џорџ Вашингтон, првиот претседател на САД.
4wstqj1q2w9Ku1n7mfAXBgg9O3q5AWLTeSRF0qMcUipQ
Почетокот на собирање на колекцијата започнала пред околу 35 години, кога присуствувал на аукции како Christie’s и Sotheby’s. Bay купувал алкохолни пијалоци од познати ресторани како Maxim и La Tour во Париз и Le Cirque во Њујорк и започнал да ги реди во своите подруми.
Некои примероци дури припаѓале на богатството од војвода од Виндзор. Многу од примероците Bay ги наследил од својот татко и дедо. Во фамилијата најверојатно владеело хоби, коe подоцна се одразило како многу профитабилно.
0005853
Самиот тој не сакал да ја продаде колекцијата, но напоменал дека возраста го принудува да го стори тоа. Сепак, Bay ја продал својата колеција на исто така, страствен колекционер, кој имал собрано одлична колекција, па сега заедно со неговата, тоа ќе биде уникатен збир. Собирањето на стар алкохол чини време и богатство, но доколку тоа е она што сакате да го правите, што чекате ?

Слични написи