Американец прави 20-годишен рум за 6 денa!

by ugostitelstvo.mk

Општо земено, сите алкохолни пијалоци, кои се постари, се подобри од ново произведените. Тоа е затоа што, кога алкохолот е долго време во дабово буре, се создава хемиска реакција помеѓу алкохолот и дрвото. Но, ова е многу бавен процес. Бавен и скап. Не е баш најдобра стратегија да се направи 500 литри алкохол кој потоа го ставате во буриња и чекате 20 години за да го продадете.

Bryan Davis of Lost Spirits Distillery.Брајан Дејвис е сопственик на „Lost Spirits“, дестилерија во Монтереј, Калифорнија, кој привлекол огромно внимание околу своето интензиво-созреано виски. Но, вниманието не е насочено само кон вискито, тука е и новосоздадената машина која полека го претвора бизнисот на Дејзвис во индустрија, поради фактот што пијалокот во таа машина забрзано “созрева”. Засега, машината која ја измислил Дејвис не е прикажана во јавност, не постојат слики или детали од дизајнот, но се очекува да се патентира. Професионалните дегустатори и спектрографска анализа (машина која толкува хемиски состав) го испитувале румот кој поминал шест денови во реакторот на Дејвис и на крајот се дошло до резултат дека румот е еквивалентен на рум кој бил во буре 20 години. Оваа машина има потенцијал да ја промени алкохолната индустрија, кој била иста стотици година, во однос на начинот на стареење на пијалоците. Другите компании, вклучувајќи ги и големите дестилатории, веќе започнаа да експериментираат со технологијата, за која се вели дека е релативно едноставна. Но, само времето ќе покаже каков ќе биде ефектот на оваа технологија и какви ќе бидат останатите алкохолни пијалоци преку овој пронајдок.

Слични написи