Зголемување на продажбата на пиво, но како ?

by ugostitelstvo.mk
точење на пивото

Сопствениците на баровите и рестораните се свесни за соодносост приходи- трошоци. Нивната цел е да се зголеми приходот преку продажба и намалување на трошоците преку спроведување на ефикасност и квалитет. Во летниот период доаѓа „сезоната на пивото“. Ние ви понудуваме 5 начини како да ја зголемите продажбата на пивото во вашите објекти.

Служете правилно

Испораката и пакувањето на пивото е од суштинско значење за задоволување на клиентите. Прво и основно, пијалоците мора да се служат на соодветна температура. Исто така, бидете сигурни дека вашите вработени се обучени за користење на соодветната чаша за секаков вид на пијалок. Познавачите на пиво сигурно ќе ја забележат неправилната употреба на чашите и ќе размислат за вашиот легитимитет и професинализам. Ова сигурно се подразбира, но големо внимание посветете на чистотата на чашите. Ставете го пивото на начин преку кој ќе ја елиминирате пената. Овој потег е клучен за задоволни гости.

точење пивоНека бидат пивата видливи

Поставете ги пивата со кои располагате на место каде ќе можат клиентите да ги забележат. Направете „ненамерна“ стретегија и промовирајте ги сите брендови на пиво. Лесен и достапен начин за спроведување на овој предлог е со поставување на табла пред барот која ќе привлече внимание за одличниот избор на пиво со кој вие располагате. Постери или менијата со листата на пиво на располагање треба задолжително да бидат на секоја маса, а исто така прикажани во ходниците или на надворешните врати од објектот.

Промоција на пиво и храна

Комбинирајте го пивото со одлична храна или мезе. На пример, ако располагате со храна која одлично одговара со пиво, нагласете им на вработените, да има го понудат тоа на клиентите, на љубезен начин. Освен тоа, може да им понудите мезе по намалена цена. Добра идеја се слики кои покажуваат какво мезе имате, колку би била цената и што точно клиентот добива. Поттикнете ги вашите гости да бидат слободни и самите да дадат некои предлози, доколку имаат. Можеби баш нивниот предлог ќе биде следната добитна комбинација.

Понуда пиво и хранаРекламирање и само рекламирање

Постојат повеќе канали преку кои може да ги претставите вашите летни понуди. Редовно објавување на Facebook и Twitter ќе ви овозможи да ги известите гостите за вашите идни планови. Направете настан, каде ќе има бесплатна дегустација на различни пива. Се разбира дека никој нема да замине само после една чашка, нели ? Организацијата за спортски настани, спонзорирање на локални турнири и учествување на донаторски акции се само дел од промовирањето на вашиот ресторан или објект. Со тоа добивате многу повеќе клиенти.

Организирајте неделни и месечни настани

Континуирано организирајте забави каде ќе им понудите на клиентите одлична програма. Направете игра преку која тие ќе можат да гласаат за „пиво на неделата“ и понудете го истото по разумно намалена цена, ЗАБАВУВАЈТЕ СЕ ВИЕ, А ПОТОА И ГОСТИТЕ. И НОРМАЛНО, ЗАРАБОТУВАЧКАТА ДОАЃА СО ЗАБАВАТА.

Слични написи