Зачестени контроли во угостителски објекти и туристички агенции

by ugostitelstvo.mk
plomba

Државниот пазарен инспекторат најавува дека во наредниот период ќе има зачестени контроли, кај правни и физички лица кои се занимаваат со угостителство и туристичка дејност.

Без разлика на видот на угостителскиот објект, посебен акцент во контролата ќе биде ставен на придржување на пропишаното работното време во ноќни барови, кабаре , дискоклуб и дискоклуб на отворен простор, контрола на лиценците, како и контрола на одобренијата за вршење дејност надвор пред деловниот објект.
ресторан
Предмет на надзорот кај туристичките агенции е поседување на лиценци за вршење на туристичка дејност, придржување на правата и обврските кај агенциите, придржување на елементи на договорите, издавање на туристички ваучери, должност на имање на туристички придружник при организирање на туристичка група. Доколку корисниците на туристичките пакети не се задоволни од користената услуга, можат своите права да ги побараат во писмена форма или во електронска форма до Државниот пазарен инспекторат.

Слични написи