Кои се потребните средства за користење во угостителските објекти !?

by ugostitelstvo.mk
cistota

Постојат многу средства за одржување на хигиена наменети за угостителските објекти, меѓутоа потребно е да го познавате начинот, кога и како правилно да ги користите овие средства.

Сите средства што се користат мора да бидат соодветни за чистење на приборот, уредите како и површините кој доаѓаат во допир со храната.

Приборот и опремата мораат да бидат наменски (крпи, сунгери, џогери и сл.) и треба постојано да се менуваат кога ќе се потрошат односно ќе дотраат и нема повеќе да бидат ефикасни за нивната намена.

За приборот и опремата за чистење потребно e да имате соодветно место-шкаф во кој тие ќе се чуваат.

Средствата за чистење и дезинфекција мораат да се складираат надвор од просторот во кој се оперира со храна.
Различните хемиски средства немојте да ги мешате меѓусебно бидејќи може да дојде до хемиска реакција и да се изгубат својствата на средствата, а со тоа и да станат не ефикасни.

Според основната поделба средствата за чистење се делат на:

  • ДЕТЕРГЕНТИ
  • ДЕЗИНФЕЦИЕНСИ

Детергенти се хемиски средства кои се користат за отклонување на маснотии, нечистотии и остатоци од храна, а воедно и делумно механички ги отстрануваат и микро организмите.

Чистота

Дезинфециенси се хемиски средства кој ги уништуваат микроорганизмите.

Пред употреба на дезинфециенсите треба од површината на предметите или работната површина да се отстранат маснотиите, нечистотиите и остатоците од храна, тоа значи дека прво трeба да се спроведе процедурата на чистење.
На пазарот секако дека постојат хемиски средства кои ги содржат и двете компоненти, со нивно користење истовремено се спроведува и миење и дезинфекција.

Кога користите одредено хемиско средство мора да внимавате на препорачаната концентрација односно на соодносот на растворање како и на потербното контакно време на дејствување.
Поголемиот дел од средствата за чистење се концетрирани и се мешаат со вода во точно одреден соооднос.
Морате да ги следите упатствата на производителите за начинот на припрема на средствата-растворите за ефикасно да го спроведете чистењето, миењето и дезинфекцијата.

Доколку направите растворот да има ниска или висока концентрација, средствотo нема правилно да дејствува, воедно високата концентрација може да претсавува и потенцијална опасност за вработениот што го употребува.
Исто така потребно е да се води сметка и за времето на дејствување што го препорачува производителот со цел да се постигнат бараните резултати од средството.


За повеќе информации и консултации:

Regent Club – Training Center

тел. 02 / 3119-615
[email protected]

Слични написи