Собир за примената на интернетот во туризмот и угостителската индустрија

by ugostitelstvo.mk
хотел

Конференција за примената на интернетот и на новите технологии во туризмот и угостителството ќе се одржи на 9-ти мај во Белград, на Crowne Plaza, каде ќе се соберат предавачи со долгогодишно искуство во оваа област, и кои ќе презентираат како интернетот може да се користи за промовирање на ресторани, како и на целокупното угостителство.

Конференцијата е наменета за претставници од туристичката индустрија и угостителскиот сектор, како и студентите на туризам, маркетинг и слично ориентираните, кои ќе го слушнат предавањето од Djanluka Laterca, регионален директор на Tripadvisor за Италија, Турција, Источна Европа, Кипар и Малта. Конференцијата покажува многу голем потенцијал во примената на интернетот и современите технологии во областа на туризмот, и поделбата на современите знаења во конкретни примери во праксата – кои можат да се воведат во туристичката економија со сите можности кои ги нуди новата технолигија, како и начинот на нивно успешно применување. На конференцијата ќе зборуваат и други предавачи со долгогодишно искуство во примената на информатичките технологии во туризмот – и кои ќе покажат зошто е потребно да се користи интернетот при промовирањето на рестораните, но и дестинацијата во глобала.

Слични написи