Освежителен сладолед за сите временски услови полн со витамини.
Состојки
- 180 гр павлака
- 120 гр вишни
- 1 лажица шеќер
- 1 лажичка мед
Подготовка
- Вишните исчистете ги од семките.
- Ставете ги сите состојки во блендер. Миксирајте пола минута додека не добиете фина кремаста смеса.
- Смесата префрлете ја во пластичен сад (со поклопец) и ставете ја во замрзнувач.
- Сладоледот во текот на замрзнувањето може да го промешувате неколку пати за да не се создадат кристали.
- Сладоледот послужете го во убава чаша и декорирајте во ливче нане.