Што е тоа што го разбираат само послужувачите?

by ugostitelstvo.mk
послужувач

Додека седите во ресторан или кафетерија со вашите блиски, околу вас има и други гости кои уживаат во удобноста на локалот, не заборавајте дека некој се погрижил тоа да биде така. Главна улога за удобноста на гостите имаат послужувачите,тие се грижат сè да биде во најдобар ред и на крајот да ве испратат со насмевка и желба дека ќе ве видат повторно. Нивниот свет е сосема поразличен од вашиот и затоа само тие можат да разберат некои работи кои вам би ви биле нејасни.

Променливите смени

Секогаш почнуваат и завршуваат во различно време, немаат навика да легнуваат во исто време, а секогаш треба да се разбудат одморени. Во деновите кога персоналот неможе да постигне потребно е да дојдат во меѓу смена, а ако треба да подучуваат нов неискусен послужувач за работењето на објектот и храната која се нуди потребно е големо трпение.

Вложениот труд и добиената платата

Нивната работа не е само да се прими нарачката, истата да се донесе и потоа да се наплати за услугата, тука има и многу други работи кои треба да се завршат. Често пати нивните должности вклучуваат, миење на чаши и полнење на фрижидерите и сл. Затоа често пати остануваат и после работното време.
послужувач
Во секое недоразбирање послужувачот е виновен

Кога пијалокот и храната не го исполнуваат очекувањето на гостинот, жалбите од гостите одат директно кај послужувачите. За доцнењето на храната – повторно послужувачот ги добива критиките,некој направил неред во тоалетот, пак тој или таа останува на дополнителен разговор со предпоставениот.

Навредата од гостите

Гостите некогаш знаат да излезат од контрола, но проблемот е во тоа што сметаат дека можат да му се обратат на послужувачот на каков било начин, да ја потценуваат неговата работа,често пати од него да бараат неверојатни работи или исполнување на специјален рецепт. Тоа ги навредува послужувачите и дополнително им ја отежнува работата, но и покрај тоа мораат да бидат смирени и љубезни.

Делењето на напојницата

Бакшишот е оставен поради нивната услуга, нивниот љубезен и професионален однос како и постојаната насмевка која ја имаат без разлика каков и да е денот. Кога потоа тој бакшиш треба да го поделат со другите колеги или, уште полошо, со сопственикот на локалот, чувството е многу демотивирачко.
restaunrat meeting
Работната околина и односот на колегите

Искусни и повозрасни послужувачи има само во најдобрите ресторани со долгогодишна работна традиција, а повеќето по кафетериите се млади луѓе кои сакаат да заработат некој денар додека да најдат подобра работа. Никој од нив не е таму за да гради кариера како послужувач. Кога на тоа ќе се додаде и слабата заработувачка, јасно е дека атмосферата зад шанкот не е секогаш весела.

Познавањето на гостите, нивните потреби и можности

Тие се оние кои на девојките им носат пијачки од додворувачите и оние кои знаат колку можат постојаните гости да потрошат на крајот на месецот. Тие имаат можност да набљудуваат и да ги дознаат тајните на некои од нив.

Знаат како да скријат дел од заработувачката

Свесни се дека треба да го пријават целиот дневен промет или целиот бакшиш, но знаат како да го скријат тоа со цел да задржат повеќе за себе. Некои сметаат дека тоа е фер со оглед на малата плата што ја добиваат. Секој послужувач знае на некој начин да сокри дел од дневниот промет.

Слични написи