Што е потребно да знае вашиот персонал?

by ugostitelstvo.mk

И не е толку битно дали вашиот персонал послужил 10 маси или пак 10 илјади  – во угостителството секогаш има простор за надоградба. Дури и најискусните послужувачи можат да го надоградат своето знаење. Обучувањето на вашиот персонал е една од важните работи која треба да ја направите, ова ќе ви помогне да ја подобрите услугата во вашиот ресторан. Постојат неколку работи кои се потребни вашиот персонал да ги знае.

Вашето мени

Можеби веќе сте го кажале на вашиот персонал, но дали тие навистина го знаат менито со кое вие работите, доколку гостите бараат препорака, вашите послужувачи потребно е да го знаат како “песна”, препораката на храната е еден вид и дополнување на сметката.

Вино и пијалоци

Менаџирате елитен ресторан, понудата од квалитетно вино е еден од приориртетите кај вашиот персонал, специфичната винска листа, потеклото на вино како и годината на берба се само мал дел кои се бараат од вашиот персонал, секако да не ги заборавиме коктелите и состојките кои ги имаат.

винска листаРаботата на ресторанот

Мислите дека вашите вработени ја разбираат работата и се поврзано со самиот објект, но дали тие навистина знаат која е вашата мисија и што сакате да постигнете, дали го разбираат вашиот бренд ?

Продажба

Продажбата и крос продажбата се техника која се бараат во угостителството, особено кај послужувачите. Оваа техника ќе ви помогне да го зголемите приходот во ресторанот, токму затоа најмете професионален обучувач кој ќе ви помогне да ја зголемите способноста за крос продажбата.

нарачки

Комуникација

Од послужувачите не се бара да бидат еден вид на комедијанти, но потребно е да знаат како да комуницираат со различни типови на гости. Осигурајте се дека вашиот персонал знае и може да се разберат со гостите на лесен начин – остваруваат контакт со очите, се културни и ја задржуваат насмевката кај гостите.

Слични написи