Само за вистинските љубители на пивото – BEERanje

by ugostitelstvo.mk
љубители на пивото

Последниот викенд од месец Мај е посветен на вистинскиот пивски спектакл – Festival “BEERanje”, односно интерактивниот пивски настан кој ќе ги спои врвните точени пива, нивните произведувачи од Хрватска и Словенија како и љубителите на овој пијалок и домаќините на угостителките објекти од Ријека. Во Tower Center, каде што ќе се одржи овој настан, ќе се претстават десет најзначајни хрватски и четири словенски craft пивари. Посетителите на фестивалот секако ќе ја имаат можноста да го пробаат пивото, а и истото да го оценат.

Производителот кој ќе собере највеќе гласови – симпатии, како награда ќе го пласира својот производ во 28 угостителски објекти односно угостителските објекти кои се и поддржувачи на овој настан. Сепак наградите нема да бидат наментеи само за произведувачите – можноста за заминување со вредна награда ќе ја имаат и посетителите, еден од нив ќе ја има можноста да освои по една “тура” од победничкото пиво во секој од 28-те угостителски објекти.
пиво
Откако го опишавме настанот и ги напоменавме наградите, време е да посветиме малку време и на забавниот дел. Фестивалот самиот по себе ќе содржи забавна содржина, предавања и работилница, а вон конкуренциски ќе се појават на настанот и дистрибутерите на Mas plenum и Domagoj – со богат избор на craft пива, a доколку се задоволни од производот и имаат дополнителни прашања истите можат да им бидат одговорени од претставниците. За музиката и забавниот дел ќе бидат задолжени повеќе dj-еи како и бендови кои ќе настапат со музика во живо.

Слични написи