Ресторани со најдобар поглед

by ugostitelstvo.mk

Убави ресторани со поглед на Медитеранските карпи, кружни ресторани  и најдобрите места со поглед на модерни урбани средини.

101 at One&Only The Palm, Dubai

Еден од најголемите ресорси во Дубаи каде францускиот готвач Yannick Alléno надгледува 3 ресторани а еден од нив е и 101 каде што може да уживате во вкусни предјадења од лигњи со мини пиперчиња и панорамски поглед на хоризонтот на Дубаи.

La Chèvre d’Or Eze, France

На луксузниот Азурен брег  во средновековното село Eze одалечено 10 минути од Ница и Монако, се наоѓа неодамна реновираниот ресторан  La Chèvre d’Or. Каде ангажиран е престижниот готвач Ronan Kervarrec кој фаворизира медитеранска кујна со свежи состојки.  Качени на ридот сместени во рајското место со поглед на море кој загарантирано ќе го зголеми вашиот апетит.

2Hotel Caruso Ravello, Italy

Изграден во 19  век, преку годините посетуван од познати писатели како Virginia Woolf и Graham Greene,  Caruso сеуште ги мами посетителите со неговата локација 1000 стапки над Средоземското море. Готвачот во ресторанот на Hotel Caruso препорачува од менито домашни равиоли со црвени ракчиња и едноставните но совршени помодоро шпагети со сос од босилек.

The Sun Dial Atlanta

Еден од малкуте кружни ресторани во Америка. Се наоѓа на најгорниот кат на The Westin Peachtree Plaza, тоа е комплекс од 3 нивоа, ресторан, ротитрачки коктел бар и обзерваториум со неверојатна  панорама од 360 степени. За да се качите во ресторано ќе уживате во 85 секунди возење со надворешниот стаклен лифт.

4Ambrosia Santorini, Greece

Оваа тераса со поглед на длабокото сино Егејско море  опкружен со вулкански острови, нуди внимателно избалансирано мени со традиционална грчка храна, медитерански јадења и вегетаријански специјалитети кои ќе ги задоволат вашите сетила.

The Encounter Los Angeles

Во центарот на меѓународниот аеродром во Лос Анџелес во 1961 година дизајнирана е и изградена самостојна структура со цел да изгледа како летечка чинија која е дом на овој безвременски ресторан познат по својот поглед од 360 степени каде што се служат Калифориски јадења како што се органска салата, равиоли со печурки и аспарагус на скара.

Encounter Restaurant, Los Angeles International AirportSierra Mar at the Post Ranch Inn Big Sur, California

Овој ресторан поставен на врвот на карпите на Big Sur над Пацифичкиот океан, со природна архитектура која се протега низ драматичната убавина на брегот нуди удобност и приватност со бескрајниот поглед на океанот.  Sierra Mar нуди исклучителни јадења комбинација од азиска и медитеранска кујна.

Слични написи