Рејмонд Бланк – Како да направите одличен ресторан?

by ugostitelstvo.mk

Како од својот ресторан да направите врвен објект од светска класа за кое ќе полудат и младите и старите ? Баш тоа на своите колеги им го објасни Рејмонд Бланк, добитник на Мишелин ѕвезда.

Добрата храна не е единствен и главен фактор за врвен ресторан, потребно и вклучување на повеќе работи во една целина за да гостинот биде задоволен. Добриот ресторан првенствено мора да има интересен и квалитетен амбиент и топлина во која гостинот се чвствува пријатно. Голем фактор во ресторанот е и културата на персоналот, но исто така, тука влијае и добрата храна. Потребно е многу за да го направите својот ресторан посебно место. Мора да им го пружите своето искуство на гостите, за да тие ја почувствуваат приказната на ресторанот кога ќе влезат во него, додека зборуваат со персоналот, додека јадат, пијат и уживаат во амбиентот.

Услугата се разбира е од суштинско значење. Некогаш постоела голема доза на одвлекување на вниманието кога ќе одите во ресторан, бучавата, толпата, вознемирување, неприфатливо одложување на храната и тоа е она што не им се допаѓа на гостите, бидејќи тие сакаат да јадат во мир. Гостите сакаат да седат во удобен стол и да им се препуштат на задоволствата. За гостинот, важно е ресторанот да е интелегентно проектиран и дизајниран, отколку да биде „нашминкан“ со различни футуристички мотиви. Гостинот сака да влезе во ресторан и да се чувствува добро. Модата трае неколку секунди, а потоа исчезнува. Потоа треба клавитетот на ресторанот да се докаже. Кога ќе отидете на место кое е учтиво декориран, ќе се чувствувате добро и тоа е она што се прави во врвните светски ресторани.

gotvi

Посетив еден добар ресторан каде бев прекинат толку многу пати каде имав чувство дека не можам да се опуштам и релаксирам па сакав да срушам се околу себе. Не сакам постојано да ме прекинуваат и не сакам огромен избор на оброци и пијалоци. Сакам јас да изберам и самиот да одлучам кое вино ќе го пијам со храната. Во мојот ресторан персоналот мора да праша дали гостинот сака да ги слуша препораките или не. Ако не сакате едноставно ќе ви донесеме мени од кое сами ќе ја изберете порачката, и доколку сакате потоа, ќе ви објаснеме се за што сакате да слушате. Ние ви даваме опции, и за мене тоа е вистински луксуз.

-Рејмонд Бланк

Слични написи