Тренинг Центарот на Регент Клуб ја претстави својата програма и услуги на овогодинешниот “Скопје Травел Маркет 2015”, 5тиот Меѓународен Саем за Туризам кој ќе трае од 7ми до 9ти Мај оваа година, во третата хала на Скопски Саем.
Саемите се единствена можност за квалитетно претставување на туристичката понуда, запознавање на нови деловни партнери, негување на постојните бизнис релации со клиентите и партнерите, истражување на пазарот и поставување на темел за идната маркетинг стратегија. Туризмот како стопанска гранка неминовно се вклопува во трендовите на општествениот и друштвен живот на 21.век. Меѓународниот саем за туризам “Скопје травел маркет” со својот изложбен дел, пратечките актуелни стручни програми, како и забавни содржини за публиката е важен маркетиншки настан за презентација и промоција на актуелните туристички дестинации и услуги.
Посететете нѐ!