Протокол на послужување

by ugostitelstvo.mk

Послужувачот за време на служењето му приоѓа на гостинот од левата страна.

1. Поздравете.
2. Прашајте за пиење пред јадењето.
3. Дадете мениа.
4. Објаснете го менито.
5. Примете ја порачката.
6. Послужете го предјадењето.
7. Послужете салата.
8. Послужете го главното јадење.
9. Вратете се на масата за да проверите дали е се во ред. Тогаш било каква грешка можете да ја исправите без да се налути гостинот. По оброкот веќе е доцна да се интервенира за било какви жалба.
10. Повлечете ги празните чинии.
11. Вратете ги мениата за десерт.
12. Послужете десерт.
13. Исчистете ја масата и поздравете со , „Имајте пријатен ден- вечер.”
служење храна
Запомнете: Претставете се само со име – кога е потребно, се разбира.

Протокол за служење на вино

1. Застанете до гостинот и покажете му ја етикетата од виното кое го нарачал. Побарајте дозвола да го отворите виното.
2. Отворете внимателно.
3. Оставете ја тапата од десната страна на гостинот кој го нарачал виното.
4. Ставете малку вино во чашата на гостинот кој ќе го дегустура. Завртете го шишето на крај за да не капне.
5. Ставете им вино на останатите гости, почнувајќи од дамите.
6. Дополнете ги чашите кога е потребно.
7. Ако е можно, гостинот кој нарачал треба да ги добие последните капки вино, за да примети дека шишето е празно и прашајте дали би сакал да порача уште едно.
вино
Запомнете!

1. Црвено вино се служи студено само ако гостинот сака така, инаку на собна температура од 16-18 C степени.
2. Се остава на маса со прстен или салвета.
3. Розе, бело вино и шампањ се служи изладено, во кибла со мраз.
4. Виното и другите пијалоци се служат пред или најдоцна со предјадењето.
5. На секој гостин на ручек или вечера секогаш му се приоѓа со претпоставка дека тој ќе порача вино или пијалок со оброкот.
6. Винските карти мора да бидат веќе поставени на секоја маса.
7. На маса на која седат шест гости, една винска карта е доволна; на маса со седум или повеќе гости потребни се две вински карти.
8. Послужувачот треба да биде запознаен со вината во менито и количината која е на располагање.
9. Послужувачот исто така дава и препораки при изборот на вино како и храната со која оди истото.
10. Препораките во врска со вино и пијалоци се даваат со сигурен, но и пријателски тон, без да звучат нападно.
11. Послужувачот мора да биде запознаен со состојките и цените на коктелите на денот.
12. Послужувачот мора да ја повлече винската карта од масата како знак дека порачката за вино е направена.
13. Секогаш бројот на чаши за вино на масата мора да биде потврден со гостите.


За повеќе информации и консултации:

Regent Club – Training Center
тел. 02 / 3119-615
[email protected]
regent logo

Слични написи