Од багети до наан: што има во корпите за леб низ светот?

by ugostitelstvo.mk

Лебот долго време е суштински дел од човечката исхрана. Се јаде во различни периоди од денот, со различни видови намази како путер, сирење и секаква храна што може да се стави помеѓу. Лебот и сите негови различни форми се всушност извор на јагленохидрати и се најконзумираната храна во целиот свет. Според историските истражувања лебот е дел од човечката исхрана најмалку 30.000 години.

Еве 10 различни видови на леб што се  јадат низ  целиот свет, од Индија до Финска.

Pão de Queijo (Brazil)

Мали, округли и полнети со сирење, Pão de Queijo се главен доручек во Бразил.

Bammy (Jamaica)

Направен од маниока, дебелиот Јамајкански леб традиционално се пече на тавче над отворен оган, и се служи со риба за појадок.

Bauernbrot (Germany)

Стандарден леб во Германија, Bauernbrot е ‘ ржан леб со тврда кора. Традиционалниот рецепт вклучува само четири состојки: вода, брашно, квасец и сол, но може да се менува со додавање на семки од сончоглед или други ореви.

 Lefse (Norway)

Слични по изгледот на тортиља, овие Норвешки лепчиња се направени од компир. Lefse најчесто се користи како кори за солени или слатки филови.

Dark Rye Bread (Finland)

Темен ‘Ржан леб кој најчесто се користи во Финска. Различен е од повеќето  ‘ржани лебови што се  продаваат ширум светот, овој леб е многу темен и тегав, честопати се прави од 100 процентно ‘ржано брашно, кој го дава својот силен, малку кисел вкус.

Cuban Bread (Cuba)

Сличен на францускиот леб, кубанскиот леб е долг, тенок и мек, она што го прави кубанскиот леб различен од француската baguette е додавање на свинска маст во тестото.

Arepas (Venezuela and Colombia)

Овие меки пченкарни лепчиња личат на дебели тортиљи, традиционално се полнат со различни филови, месо или сирење, обично се јадат како додаток на оброкот.

Focaccia (Italy)

Италијанскиот леб е дебел и рамен традиционално зачинет со сол и маслиново масло, а на кората зачинет со билки или други состојки како што се маслинки или кромид.

Naan (India)

Популарните пченкарни лепчиња “наан” се дел од традиционалниот индиски оброк. Но исто така и честа појава во многу други делови од Централна и Југоисточна Азија. Лебот традиционално се пече во специјална печка tandoori и се служи премачкан со топен путер.

Homemade Indian Naan Flatbread

Baguette (France)

Француската baguette, со својата златна крцкава кора, бела и мека внатрешност е еден од најпознатите иконски француски прехранбени продукти, се ужива за појадок премачкана со путер и мармалад. Baguettes се сметка за околу 80 проценти продажба од сите лебови во Франција.

Слични написи