Крилца со зачини

by ugostitelstvo.mk

Состојки:

  • 20 крилца
  • 1 чешне лук
  • изронета пиперка
  • 1 лимон
  • 3 лажици соја сос
  • сол и црн бибер
  • 4 лажици масло
  • 4 пиперки (жолта и црвена)
  • 250 г. коктел од домати
  • 1/2 копар
  • 1 кромид
  • 150 г. кисела павлака
  • 100 гр кисело млеко
  • 2-3 лажици рен (тегла)
  • малку шеќер

Подготовка:

1. Измијте го месото, посолете и засечете ја кожата на неколку места, а потоа исецкајте го лукот. Лимонот добро измијте го, изрендајте и исцедете сок. Сето тоа измешајте го со лук, сос од соја, сол, бибер, ронетата пиперка и масло. Премачкајте го месото со маринада и оставете во ладилник неколку часа да се маринира.

2. Поминете ја со масло решетката од рерната и наредете ги крилцата. Ставете ја решетката во рерна на 15-20 минути, да се пече.

3. За салата исецкајте пиперки на широки стапчиња. За сос исецкајте копар и кромид и измешајте го со киселото млеко и павлака. Додадете рен, сол, бибер и шеќер по вкус. Сервирајте ги крилцата со сос, коктел и домат и пиперки.

Слични написи