Како критиката за ресторанот да ја претворите во успешна приказна?

by ugostitelstvo.mk
критичари

Повеќето сопственици на барови или ресторани се плашат од моментот кога критичар за храна ќе влезе во нивниот објект за да го проба јадењето, и да го сподели своето мислење.  Се разбира дека најдобро е сценариото кога критичар за храна ќе се најави за неговата посета на вашиот ресторан, но што кога тој ненадејно ќе пристигне ? Во која било ситуацијата да се најдете, еве неколку совети кои ќе ви обезбедат позитивен завршеток на ситуацијата.

Направете им ВИП третман

Ова може да изгледа очигледно, но сите ресторани го прават истото за критичарите. Не правете лош впечаток за критичарот уште на самиот почеток. Најдете им одлично место, добар поглед и потрудете се околу него.

vip

Не „висете“ над критичарот

Во ред е да им посветите малку повеќе внимание, да бидете тука кога тој ќе има некое барање но тенка е линијата помеѓу љубезност и нападност. Проверувајте ги повремено но не стоете над нивната глава. Дајте им простор сами да го проценат местото.

Бидете внимателни

Според Здруженијата за храна, критичарите имаат професионална одговорност да бидат фер и чесни, да ја погледнат кујната , да го разгледаат објектот и зготвените јадења и писмено да одговорат за неговата состојба. Мора на крајот од посетата тој да даде контруктивна критика. Доколку критиката е лоша наместо да бидете лути, одговорете грациозно и напоменете дека ќе се потрудите повеќе.

food-critic

Разговарајте со вашите вработени

Без оглед што ТОЈ е тука, напоменете им на вработените дека не треба да бидат премногу исплашени, ни премногу опуштени. Сепак, тие мора да си ја работат својата работа – и тоа во што се најдобри. Посвете им внимание и на останатите гости во ресторанот и погрижете се Се да биде во најдобар ред. Впрочем, никогаш не знаеме кој ќе биде следниот критичар. Можеби некој од вашите моментални гости.

Лоша критика 

Доколку првата посета на критичарот не е импресионирачка, поканете го повторно да дојде. Ако некој критичар дал мала оценка за вашиот ресторан, поканете го повторно да се врати за одреден период. Напоменете дека сега- ќе се потрудите повеќе.

*За крај. Достоинствено претставете го Вашиот ресторан и тоа што го правите најдобро.

Слични написи