Како да се подготвите за достава на храна?!

by ugostitelstvo.mk

Повеќето угостителски објекти се имаат одлучено да воведат во своето работење достава на храна до домовите и околните фирми. Најпрво ваквото работење може да донесе поголем профит во работењето но паралелно и зголемување на трошоците. Доколку мислите дека можете да ги поднесете трошоците, овој нов метод во вашиот ресторан ќе го зголеми и темпото на работењето во кујната поради поголемиот број на нарачки кои ќе следуваат.

Во продолжение прочитајте неколку кратки, но важни совети кои треба да ги примените доколку имате достава на храна или набрзо планирате да ја отворите.

Најнапред добро одберете го менито кое ќе го нудите на вашите клиенти, запаметете дека не секое јадење кое се наоѓа во вашето ресторанско можете да го ставите и на менито во службата за доставување на храна. Откако сте одлучиле кои јадења ќе ги доставувате до вашите клиенти на нивната адреса, испечатете флаери кои ќе ги делите или доставувате до сандачиња (герила маркетинг). За добар маркетинг секогаш е потребна и добра стратегија, токму затоа одберете ги најдобрите локации во градот од кои мислите дека ќе имате највеќе порачки. Накратко ве советуваме да ги доставите вашите мениа и до деловитени објекти, побарајте да разговарате со претпостваните или менаџерите и директно доставете им ја вашата понуда.

Сега во ова модерно време, технологијата му е достапна секому и секаде, одлучете се за изработка на интернет страница, доколку некои од вашите идни клиенти во моментот го немаат менито, тие најлесно можат да стигнат до него само со еден клик на вашата интернет страница. На вашата интернет страница информирајте ги клиентите за понудата на денот, понудете детален опис на јадењето, како и детален опис за вашето ресторанско работење.

Како дел од герила маркетингот, една од дополнителните можости за промовирање на вашата служба за достава на харана може да биде и уникатното пакување кое секако треба да го има испечатено логото од надворешна страна.

Примањето на телефонските нарачки не е само рутирна, клинтите кои ви се јавуваат, запишете ги нивните телефонски броеви во вашата база и искористете ги за време на специјални понуди или накратко кажано директен маркетинг.

Во вашето работење неизбежно треба да бидат акциите (2+1 гратис или нарачки над одредена сума – бесплатен десерт и сл). Ставете се вие на местото на вашите клиенти, дали би сакале да чекате предолго за вашата храна? Претпоставувам дека одговорот е не, затоа имајте на ум дека храната секогаш потребно е да биде свежа и топла. Среќно !

Слични написи