Постојат многу фактори поради кои продажбата на храната и пијалоците во рестораните е ставена под знак прашалник. Добро е кога ресторанот е во добивка и работата оди според распоредот. Но, што кога имате загуба? И кога причината за тоа е конкретно вашиот персонал ?
Дали вашиот персонал има соодветна обука ?
Пред да настапат сите други фактори, бидете сигурни дека персоналот е факторот број 1 за одлуката на гостинот – да го напушти ресторанот. Замислете : Хостесата одговара на телефонот откако менаџерот службено заминува на еден ден. Што ќе се случи во вашиот ресторан ?
Ситуација број 1
-ГОСТИНОТ: Здраво, би сакал да направам резервација за група од 20 лица во петок, 18 часот.
*ХОСТЕСАТА: Менаџерот е на службено патување и не е на располагање во моментов. Јавете се утре пред 17 часот.
ШТО АКО ГОСТИНОТ НЕ СЕ ЈАВИ ПОВТОРНО ?
Ситуација број 2
-ГОСТИНОТ: Здраво, би сакал да направам резервација за група од 20 лица во петок, 18 часот.
*ХОСТЕСАТА : Нашиот менаџер е надлежен за спроведување на резервациите, но во моментов не е на располагање. Доколку сакате, можам да го запишам вашето име и телефонски број, и утре ќе ве исконтактираме за да ве известиме.
ШТО АКО ХОСТЕСАТА ЗАБОРАВИ ДА СЕ КОНСУЛТИРА СО МЕНАЏЕРОТ СЛЕДНИОТ ДЕН ? ШТО АКО МЕНАЏЕРОТ ГО ПРОДОЛЖИ СВОЕТО СЛУЖБЕНО ПАТУВАЊЕ ? ШТО АКО ГОСТИНОТ НЕ ОДГОВАРА НА ПОВИКОТ ?
Ситуација број 3
-ГОСТИНОТ: Здраво, би сакал да направам резервација за група од 20 лица во петок, 18 часот.
*ХОСТЕСАТА : Здраво. Би била среќна да ви помогнам. Да, имаме слободно место во времето кое вам ви одговара.
Елиминирајте ја опцијата ШТО АКО и обучете го персоналот како да знае да резервира, да ги извршува наредбите и да се грижи за добрата услуга на гостите.
Дали ви е персоналот доволно информиран ?
Постојат одредени прашања кои сите вработени треба да се способни да ги одговорат со цел да се направи најдобра можна продажба. Дали имате нови пијалоци ? Што ќе ми предложите со оваа храна ? Какви коктели правите ? Не дозволувајте да ви се случи следново.
Ситуација број 4
-ГОСТИНОТ: Имате ли пијалоци на промоција денес ?
*Келнерот: Не сум сигурен. Причекајте да проверам.
-ГОСТИНОТ : Не, не, во ред е. Не е важно.
Најдобрите начини да се осигурате дека членовите на тимот се добро информирани е да се одржат состаноци пред смена. Ажурирање на сите вработени за проментите на менито, храната и пијалокот, промоциите, новите или променети политики во ресторанот.