Гастрономско уживање во добрата храна

by ugostitelstvo.mk
манфифестација

Повеќе од очигледно е дека сега во Хрватска е сезоната на гастрономските и кулинарските збиднувања. Следи уште една недела на манифестации, од 25ти до 31ви Мај 2015 година. Ова една недела на добрата храна ќе биде во организација на рестораните од Хрватска.

Тие кои ќе се решат да го посетат овој фестивал како и на сите останати настани од овој карактер ќе имаат можност да дегустираат автентични специјалитети смислени од повеќе познати Хрватски готвачи. Минималната цена за специјалитетите во рестораните ќе чини 100 куни со кои ќе добијат и шише минерална вода.
фестивалСпоред планираното во Вторник се очекува целиот ден да биде посветен на тестенините, додека пак Средата е резервирана за светска храна, Четвртокот за месните јадења, а Петокот е посветен на подготовка на риба. Сепак на овој настан погледите не се насочени само кон уживањето во храната, за оние кои се заинтересирани да го збогатат своте знаење со нови кулинарски вештини ќе можат да го направат тоа на овој настан, по цена од 100 куни.

Слични написи