Drink EXPO – Саем за пијалоци и течна храна

by ugostitelstvo.mk
food fair

Саем за пијалоци и течна храна ќе се одржи на 30ти и 31 мај 2015 година во Белград, Србија. Влезот е бесплатен и се очекуваат голем број на посетители, кое ќе имаат шанса да добијат некои од изненадувањата од организаторите.

Ова е единствен случај за презентација на пијалок и течна храна на српскиот регион. Во еден момент, ќе има различни понуди кои ќе бидат изложени, како : безалкохолни и алкохолни пијалоци, проследени со млеко и млечни производи, вино, течна храна, како и технологии за производство, полнење и пакување пијалоци.

dring expoПосетителите на саемот ќе имаат можност да добијат информации и совети за правење на алкохолните пијалоци, а исто така ќе имаат можност да се запознаат со различни брендови, од областа на сокови, вода, млечни производи, да дознаат кои се нови производи, што е пожелно за летните месеци како и тоа за што е добра течната храна и колку е корисна за здравјето на луѓето. Освен различните понуди, посетителите ќе бидат во можност да уживаат во богатата програма како натпреварувања и наградни игри, подготвени од страна на организаторите, во соработка со учесниците, од кои се очекуваат и наградите.

Слични написи