Dinner in the Sky: Незаборавното гастрономско искуство започнува во Загреб

by ugostitelstvo.mk
вечера на високо

Дали некогаш сте помислиле какво е чуството да уживате во панорамски поглед и во храна подготвена од врни готвачи, доволно мечтаевте, оваа желба можете да ја претворите во реалност благодарение на светско познатиот настан Dinner in the sky.

Веќе втора година по ред Загреб ќе може да вкуси исклучителни специјалитети во малку поинаков амбиент кој ќе биде подигнат на 67 метри над еминентниот загребски хотел The Westin. Незаборавното адреналинско гастрономско искуство гостите ќе можат да го почуствуваат од 21ви до 31ви Мај.
вечера на високо
Во текот на овие 10 дена за квалитетот на храната ќе бидат задолжени повеќе наградувани готвачи со Мишелин ѕвездички. Готвачите ќе понудат јадења кои се инспирарни од финската кујна, а се очекува истите да бидат дополнети и збогатени со космополитски вкусови. Сепак понудата не застанува тука, наградуваниот готвач од хотелот The Westin – Загреб, ќе подготвува модерни јадења инспирирани од традиционалната хрватска кујна, со сет на автохтони вина.

Меѓу првите кои го посетија овој настан се личности од јавниот живот, а тие за овој настан изјавија:
“Никогаш не сум уживал во храната на толку голема висина, без тло под нозете, морам да кажам дека беше навистина удобно. Понудената храна и вино беа вистинки погодок, кога би можела повторно би дошла да бидам дел од ова несекојдневно уживање.”

Слични написи