Бидете во тек со најновите светски трендови, но како ?!

by ugostitelstvo.mk
нови трендови

Дали знаете што е наредното што би го посакале вашите гости или пак што тие ќе сакаат утре, следниот месец или пак идната година ?! Дали барем еднаш се имате запрашано дали вие како сопственик или менаџер ги следите најновите и популарни збиднувања во ХОРЕКА секторот, накратко кажано колку сте добри во предвидувањето на наредните големи работи во овој сектор.
Додека квалитетната храна и пијалокoт се неизбежни и едно од најголемите барања кај гостите, тоа може да се промени за само еден миг. Доколку ја имате способноста за препознавање на најновите трендови пред тие да бидат објавени, но прашањето сега е како тоа да го направите? Одговорот е многу едноставен не треба да имате надприродна моќ или пак да читате на тарот карти, од вас само се бара малку повеќе труд и темелна разработка на вашите и да обрнете повеќе внимание на доле наведените работи….

Слушајте

Додека разговарате со вашите гости честопати ќе наидете на интересни разговори кои во вас ќе разбудат некоја нова идеја, а тоа може да биде некоја потреба во барот или ресторанот која само тие можат да ја забележат независно колку време вие поминувате на вашето работно место. Доколку повеќето од вашите редовни гости ви сугерираат на истата работа, можете да се обложите дека, доколку го имплементирате барањето во вашиот објект тоа набрзо може да прерасне во тренд.
слушајте
Читајте

Дали кога ќе дојде моментот да се прочита некоја нова вест која е директо поврзана со вашата работа, вие немате доволно време или имате некоја работа која треба да се заврши веднаш? Вистината е, читањето на новостите во вашата индустрија е клучна. Читајте специјализирани магазини и внимавајте на зборовите или концептите кои се повторуваат честопати, секако покрај печатените магазини да не ги заборавиме и електронските кои секојдневно ја надополнуваат стручната содржина.
следејки ги вестите
Следете ги социјалните мрежи

Кои се најновите твитови од вашите следбеници на twitter, кои се најновите теми за кои се зборува на facebook од вашите пријатели. Со активното следење на социјалните мрежи и кругот на угостителите многу лесно можете да ги забележите кои би биле најновите трендови во работењето. Покрај следењето на пријателите и линкоти кои ги споделуваат, многу јасна порака можете да добиете и од вашите посетители доколку сте и со нив пријатели на социјалните мрежи, сега во ова модерено време тие најчесто ги споделуваат позитивните и негативните критики на социјалните мрежи, а тие ви се достапни вам.
менаџерка

Слични написи