57ми Интернационален вински натпревар во Љубљана

by ugostitelstvo.mk
тестирање на вино

Од 29- ти мај  до 31 мај во Љубљлана ќе се одржи 57-миот Интернационален вински натпревар, под покровителство на Меѓународната организација за лозарство и винарство (ОИВ), која традиционално се одржува од 1955 година. Традицијата на овој натпревар започнала на 30-ти октомври, 1987 година, каде  Меѓународната организација за лозарство и винарство од Словенија во Рим добила титулата „Град на лозарство и винарство“, за градот Љубљана. Со својот долгогодишен развој на евалуација, Љубљана стана референтна конкуренција на меѓународните организиации одговорни за сензорна анализа на виното.

Во рејтингот помеѓу најстари организации во светот, оваа организација се наоѓа во елитните 10 натпревари за вино. Овој натпревар ужива покровителство од најважните светски огранизации : OIV, UIOE, VINOFED и има големи симпатии од медиумите во земјата и странство. Така, Словенија станува една од највинарските земји во светот. Имено, на натпреварот во Љубљана се доделени медали за светски шампиони, словенечки шампиони, шампиони viniferous, Словенечки шампионски сорти, трофеи VINOFED, Tsukamoto, Akoc Asvany и други. Предности на оценувањето на Винскиот натпреварот во Љубљана: го оценуваат глобално познати и независни дегустатори, се следат правилата на ОИВ, највиското професионално ниво, строго поддржување до меѓународните правила- според кои е познат и Љубљанскиот натпревар во светот, технички модерен пристап.

тестирање Тек на оценувањето – Се обезбедува целосна анонимност на поеднинечните мостри, оценувањето се одвива по методот на 100-тата точка, предложена од страна на ОИВ и UIOE, метод на наградување на самото место со описна проценка на сите параметри на виното (профил на индивидуални параметри и дескрипторни ароми на виното), за виното се користи посебна компјутерска програма, дегустаторите мора да ги завршат сите три фази на тестирање, на натпреварот во Љубљана има 60% странски примероци, а 40% домашни примероци. Тестирањето ќе се врши под водство на Iztoka Klenarja. Во натпреварот во 2014 година имаше вински дегустатори од 11 земји, а 311 примероци од 19 различни земји. „Во деновите на тестирање сте главен играч за оценување на вино. 40 дегустатори од 11 земји, и повеќе од 300 примероци од 19 земји.

Нашата задача е темелно да се посвети внимание на квалитетните вина, и сите пааметри да бидат окарактеризирани. Во својата работа треба совесно да се процени и препише награда, а се разбира дека предизвикот е да се стигне до компетентен светски шампион во финалето“ истакнува  Iztoka Klenarja- претседател на 56 Интернационален натпревар за вино. „ Интернационалниот Вински наптревар претставува еден од најстарите меѓународни оценувања во Европската Унија и во светот. Се доделуваат доста уникатни награди. Победниците на овој натпревар медалот ќе го добијат на отворањето на 51.от саем за вино на 14-ти октомври 2015 година“- Matjaž Kovačič – претседател на натпреварот.

Слични написи