Заврши „Промотивната тура Охрид 2015“

by ugostitelstvo.mk
охрид

Во рамките на активностите предвидени со годишната програма на Секторот за туризам и локален економски развој при општина Охрид, во соработка со туристичко-угостителските субјекти, деновиве успешно беше реализирана „Промотивната тура Охрид 2015“ .

На промотивната туристичка тура, учествуваа претставници од туроператори, туристички агенции, медиуми и туристички списанија од Турција, Србија, Израел, Русија, Бугарија, Словенија, Украина, Унгарија и Австрија.

ohrid setalisteГостите имаа можност да се уверат во убаните на Охрид преку обиколка на стариот дел на градот, културно историските споменици и обележја, природните убавини и промоција на алтернативните форми на туризам со што гостите имаа можност и за фото- сафари тура. Беа посетени повеќе хотели во охридскиот регион, каде што гостите се запознаваа со сместувачките капацитети, а воедно како резултат на промотивната тура веќе беа склучени и неколку договори за закуп на хотелските капацитети, информираат од општина Охрид.

Оттаму најавуваат дека наскоро двете најгледани сателитски турски телевизии ATV и Ahaber ќе бидат емитувани специјални емисии за Охрид, а репортажи ќе се објават и во десетте електронски и печатени списанија од нивната медиа групација, како и во GLOBER – JETLIFE eдно од најпознатите печатени списанија кое се дистрибуира во авио компанијата Atlas Global.

Превземено од turizam.mk

Слични написи