Кафетерија каде кафето е бесплатно

by ugostitelstvo.mk

Во источниот дел на Лондон отворена е првата подружница на рускиот ˝Caffe Ziferblat˝, место каде што кафето е бесплатно, но токму затоа вие ќе го платите времето кое сто го поминале во кафетеријата уживајќи во вашето бесплатно кафе. 

Ваквиот модел, “pay-per minute” или во превод плаќање по минута – престојот во оваа кафетерија која за прв пат е отворена во Русија се покажала многу успешна, а токму тоа го потврдува и сопственикот, кој сега поседува девет кафетерии од овој тип и угостува повеќе од 30 илјади посетители месечно. Кафетеријата од посетителите е опишана како друштвен експеримент – “Идеата за овој локал е да се направи удобно место каде ќе се чуствувате како дома, а исто така и ќе бидете третирани”.

машинаПосетителите на caffe Ziferblat при самото влегување во кафетеријата задолжително е со нив да земат часовник, кој ќе го чуваат се до крајот на нивната посета. Откако ќе се решите да ја напуштите кафетеријата истиот часовник кој сте го земале го оставате, а за секоја помината минута во кафетеријата вие ќе треба да платите 3 пени, но тоа нема да ви изгледа воопшто скапо откако ќе дознаете дека интернетот, чајот и колачињата се бесплатни. Една од најомилените работи кај посетителите е можноста тие сами да си подготват кафе благодарение на модерната кафе машина. Сега да се навратиме на Лондонската подружница која е уредена со необичен мебел, уникатен клавир како и антички полици со голем избор на книги. Уште во првиот месец од отварањето на подружницата, кај лондонските жители се има пројавено голем интерес, а веќе имаат и секојдневни посетители.

Слични написи