Угостителски објекти во стилот на New York

by ugostitelstvo.mk
кафетерија

Покрај својата автентичност, Белград има и места кои  за момент ќе ви направат да се чуствувате како да сте преку “големата бара”, овој пат се одлучивме да пишуваме за угостителски објекти кои се во границите на Балканот, а од момент кога ќе влезете во нив се телепортирате во New York. 

O.U.R бар – Тартар бифтек и џез после полноќ

Идеата за овој бар секако доаѓа директно од Големото Јаболко, мала група на срби кои го збогатиле своето искуство во New York несомнено инспирирани сакаат да го преточат па и да го донесат духот на овој милионски град во Белград. Сигурно се прашувате што значи кратенката, О.U.R или ов превод Организација на Здрижените Работници, доста интересно име за еден њурошки бар кој истовремено е бар, клуб и ресторан кој на белградската угостителска карта дојде благодарение на сјајната атмосфера, одлична кујна и музиката за сечиј вкус. Несебичноста и инвестицијата во ентериерот кој потсетува на холивудскиот булевар, а и фотографии од српксата филмска сцена.

our bar02

D bar – Бар каде можете да ги најдете сите пијалоци

Нема угостителски објект кој нема да се вклопи во оклината или пак во ноќната шема, D-bar сместен на аголот од улицата, преку ден идеално место за кафе шема, додека пак во ноќта како од бајките се претвара во место за добра и незаборавна забава. Дневната музичка листа дополнета со модерен џез испреплетен со боса нова и нео соулматик, додека пак за ноќната забава од звучниците излегува звукот на соулфул хаус ритам.d bar01

Kafeterija – за сите љубители на дневната кафе шема

Честопати најголемите договори независно од каков карактер се случуваат додека уживате во вашето кафе, така и сопствениците на оваа кафетерија имаат дојдено до оваа идеа за свое кафуле каде можат поголемиот дел од денот да го поминат уживајки во својот омилен топол пијалок. Сепак тука покрај кафето можете да уживате и во изложената уметност на многу домашни уметници и дизајнери кои имаат завземено учество во уредување на овој секојдневен локал.

kafeterija01

Слични написи