Традицијата во Јапонската кујна

by ugostitelstvo.mk

Традиционалната кујна на Јапонија се базира на ориз со мишо супа, и други јадења, со акцент на сезонски состојки. Јадењата често се состојат од риба, кисел зелечук варен како каша. Рибата е честа појава во традиционалната кујна. Обично се подготвува на скара, но може да се служи и како суровина за суши или сашими. Морските плодови и зеленчук се исто така многу употребувани, и тоа пржени во малку путер како темпура.

Освен оризот и рибите, Јапонците почаа многу да го употребуваат говедското месо, во sukiyaki и nikujaga. Историски гледано, Јапонците избегнуваат месо, но со модернизацијата јадењата со месо како што се tonkatsu станаа вообичаени. Доста популарни се слатките наречени wagashi, кои вклучуваат состојки како паста од црвен грав, како и ориз, вино и саке. Од Јапонската кујна, најпопуларно е суши-то. Вообичаено е штедливото користење на црвено месо, масла и масти, како и млечни призводи. Употреба на состојки како соја сос, мишо, умебоши имаат тенденција да резултираат со висока содржина на сол, иако постои ниско ниво на натриум во овие верзии. Ќе издвоиме неколку Јапонски специјалитети.

Noodles

Јапонските тестенини се замена за оброкот со ориз. Soba и Udon се главните традиционални тестенини. Јапонските тестенини обично се јадат самостојно, без гарнир.

japonska kujna 

Саке е сварен ориз кој, вообичаено содржи 15% до 17% алкохол, и од направен од повеќе ферментации на ориз. Начинот на подготовка е повеќе сличен како на пиво, отколку на вино, па вообиачениот опис, ‘оризово вино’ е погрешно. Направен е од четири состојки. Специјален ориз, вода, Коџи и специјален квасец. Сепак, во Јапонија има повеќе од 1500 регистрирани пиварници кои го произведуваат и сите нудат за нијанса различен напиток.

Суши 

Јапонска храна која се состои од варен ориз, со киселина, во комбинација со други состојки како морска храна, зелечук и тропско овошје. Состојките и формите варираат, но сепак заедничка состојка која сите ја имаат е оризот. Тоа може да биде подготвено со морска храна, но некои најпопуларни видови, или имаат готови состојки, или се вегетаријански. Суровата риба која ја користат се нарекува sashimi.

суши

Традиционалното поставување на масата во Јапонија варирала со текот на вековите, во зависност од видот на заедничката маса.  Начинот на поставување на ниски маси е препознатлив знак за Јапонија. Во минатото се користеле маси со рамно дно, односно, поставени на земјата. Денес, се отстапува место на западниот модерен стил на масички и столчиња. Начинот на поставување на масата започнува со чинија ориз на левата страна, а Мишо супа на десната страна. Зад овие чинии се ставаат уште три други. Салатата обично се служи на средина, а стапчињата како прибор, во близина на предниот дел од садот во кој е главното јадење.

Пред јадењето, на повеќето места обезбедена е ладна или топла крпа, ставено во кеса, за чистење на рацете пред јадење. Правилната употреба на стапчињата за јадење (Hashi) е најважниот бонтон во Јапонија. Тие никогаш не се оставаат вертикално, затоа што така може да ги навредите Јапонците. Вообичаено е да се изеде се, до последното зрно ориз. Не треба да бидете пребирливи, или да го оставите јадење. Тоа се смета неблагодарно, и непријатно.

Слични написи