Техники за подготовка на Велигденското јагне

by ugostitelstvo.mk

Се двоумите на кој начин да го подготвите јагнешкото месо ? Нема причина од страв ! Јагнето е лесно да се спреми, и забавно е да се готви.

Како го готвите правилно, јагнешкото место е вкусно и сочно и методите за приготвување не се различни од оние кои ги користите за свинско и говедско месо. Но, сепак, ние ќе Ви претставиме неколку едноставни техники со кои ќе имате доволно инспирација како да се зготвите јагнешкото месо.

Крчкањето се прави преку ставањето на месото и зеленчукот во подготвен сад, премачкан со масло, добро покриен и на крај се полева со мала, варена количина на течност (месото претходно кратко се вари во течноста). Ако стои подолго време на тивок оган помага да се развие вкусот што го содржи. Крчкањето може да се прави на шпорет или во рерна. Запаметете капакот е клучен за спречување на течноста да испари, додека пак рамото од јагнето е идеално за крчкање, динстање или бавно печење. Ребрата или надколеницата се помалку меки парчиња кои најдобро ќе се подготват преку влажни методи на готвење, или пак комбинација од суви и влажни.

јагнешко

Печењето како метод се однесува на скара, каде месото и зелечукот се подготвуваат над топол јаглен или друг извор на топлина. Печењето е совршен начин да се јаде јагне, а да потрошите помалку време на готвење и чистење. Тоа е идеална опција за викенд. Ако имате време, пред подготовката направете ‘џебови’ на јагнето, и потоа ставете малку сол и лукче. Така се апсорбира ставената содржина подобро и потоа со готвење на комбинацијата на вкусови месото ќе стане превкусно.

Печењето во рерна е доста препознатливе метод бидејки можете да го надгледувате процесот на подготовка. За ваквиот вид на печење, добро е да се изберат меки парчиња на јагнешко. Како совршен тајминг е 15 до 20мин, по килограм на 160 ° Целзиусови. Температурата може да се зголеми за уште 5-10 степени. Јагнешкото месо се состои од добар процент на протеини, кој може да се справи со ‘длабочината’ на вкусот. Свежите билки и зачини може да ги додадете се со цел да се трансформира вкусот во непознат, а сепак одличен.

јагнешко

Јагнето е прекрасна алтернатива за јадење, но многу од нас не се запознаени со самото месо. Еве неколку податоци.

1. Зачинете го месото силно, поради мирисот, кој можеби на некој нема многу да му се допаѓа. Користете нане, свежи билки и многу лимон. Кари-сосот оди одлично во комбинација со јанешкото месо.
2. Ако наидете на премногу масно месо, едноставено исечете го делот кој не ви одговара во храната.
3. Кога купувате јагнешко, погледнете го месото и барајте розева или розево-црвена боја. Месото со потемна боја може да е постаро со гумиран вкус.
4. Ви доаѓаат гости, а не знаете колку месо Ви е потребно ? Ние ќе Ви помогнеме. Ако готвите месо од коска Ви се потребни околу 200-250гр месо по лице. Планирајте ребра? Тогаш Ви се потребни 200 гр, по лице. Ако сакате филе од месото, 150-200 гр, за лице. И не заборавајте, месото од јагне е многу мрсно. Ограничете го, бидејќи прејадувањето може да предизвика шок во организмот.

Слични написи