Која е тајната на сараевските ќебапи

by ugostitelstvo.mk
сараевски ќебапи

Медиумите објавиа многу трикови и финти кои се користат во Сараево за да бидат ќебапите посочни и повкусни. Всушност ќебапите се они кои го направиа Сараево познат светски град, а они кои го посетиле овој град и ги пробале ќебапите имаат кажано само едно “рецептот треба да се пренесува низ генерациите”.

Како што кажуваат, кај подготовката на ќебапите нема многу дилема ниту компликации – трикот е многу едноставен се што ви е потребно е само добро месо и смеса која треба да отстои, едноставно.

Се што ви е потребно да подготвите сараевски ќебапи е: 

  • 1,5 kg мелено јунешно месо
  • ½ kg јагнешко месо
  • 4-5 чешниња лук
  • 2 лажици сода бикарбона

печење

Подготовката е многу едностава и искрено не е нешто што досега не сте го правеле. Исечканото месо потребно е добро да го посолите, измешајте го и прелијте го со 100мл вода заедно со белиот лук кој претходно го спремивте. Целокупната смеса која ја добивте оставете ја една вечер да отстои во фрижидер. Наредното утро извадете ја смесата и ставете ја во мажината за мелење на месо, потребно е да ја измелите два пати. Смеса оставете ја да отстои неколку часа на собна температура, а потоа ставете ја во ладилник. Пред да почнете со обликување на ќебапите треба да ја ставите содата. Сега се што треба да направите е да подготвите шопска салата пијалок по ваша желба и да уживате во сочниот оброк.

Слични написи