Суши и неговите додатоци!

by ugostitelstvo.mk

Првиот и основен критериум кој треба да се исполни при подготовка на суши е, секогаш се користи сурова риба која потребно е да биде свежа.

За суши практично можете да користите било каков вид на риба и имате максимална слобода. Сепак, иако изборот зависи многу од понудата на пазарот и одличниот вкус, големите суши мајстори ќе кажат дека најкористените риби за суши се лососот (мариниран, димен и суров), туна (не премногу посна)-сепак има некои критериуми кои треба да се задржат за да го добие сушито потребниот вкус, секако да не ја заборавиме скушата која е најстарата риба во Јапонија и една од најкористените заедно со лососот.

Сушито не би било тоа доколку не го одберете правилниот зеленчук, а тоа многу зависи од рецептот но и од креативноста на самиот говач. Краставиците, авокадото и печурките се само мал дел од можниот избор. Големите суши мајстори големата важност ја даваат насечкањето на зеленчукот, сепак запаметете сушито е уметност – често пати ќе се сретнете со суши кое е декорирано со зеленчук.

суши

Откако се запознавме накратко кои се најбитните состојки за сушито и кој зеленчук се користи, она што најчесто се служи со суши е конзервиран ѓумбир или на јапонски – gari. Се прашувате можеби што е Gari. Тоа не е ниту зачин ни прилог, тоа едноставно се јаде откако ќе завршите со јадење на едниот вид суши со цел да го неутрализира вкусот во вашата уста. Доколку сакате вие можете  gari  да го подготвите и во домашни услови потребно е само свеж ѓумбир исечкан на тенки парчиња кои потоа се посолуваат. Кога солта е целосно впиена, целата содржина се става во тегла која подоцна се прелива мешавина од оцет, варен ориз и шеќерна трска, потребно е да отстојат во тегла 24 часа.

суши со сосови

Кога се зборува за прилозите кои одат со суши, традиционално се послужува васаби, тоа е врста на рен која расте само во Јапонија. Вистинските мајстори по правило го додаваат потребното количество на васаби во сушито, но денеска многу ресторани го нудат васабито на гостите одделно така да гостите можат да си додадат колку што сакаат. Основното правило околу оваа паста (васаби) гласи, мрсната риба подобро ја трпи лутината споредено со посната и не толку, сепак не е само васаби додаток во суши, соја сосот исто така е значаен додаток со суши, тој се служи одвоено како и васабито.

どうぞお召し上がりください

Слични написи