”Supper club” Светски гастро тренд во Хрватска

by ugostitelstvo.mk

Gastro.Lab.Soba е клуб на љубители на гастрономијата во која се добредојдени сите заљубеници во фината храна и доброто друштво. 

Во светот веќе подолго време постои ваков тренд каде посетителите можат да уживаат во добрата храна и пијалок, а англискиот термин е “supper club” кое најубаво ги опишува љубителите на гастрономијата, а supper club е местото каде можат редовно да се сретнат и да уживаат во заедничката вечера, дружење и дегустирање на нови специјалитети. Таков клуб во Загреб е основан под името Gastro.Lab.Soba.

Еднаш месечно се формира мени кое е составено од 4 јадења кои е се послужуваат во удобен амбиент, на гостите им се препорачува да дојдат добро расположени и со себе да го донесат нивниот омилен пијалок.

gastro lab sobaИдејата за овој нов тренд во Хрватска се има родено во 2010 година, кај еден од членовите на Gastro.Lab.Soba. а истата била реализирана изминатата година кога за прв пат ги угостила своите гости.

Храната секако е клучниот фактор за гостите но секако и добрата дружба е една од предиспозициите кои треба да се исполни за врема на вечерата. Гостите се добредојдени со придружба или доколку одлучат можат да присуствуваат сами.  Вечерата се послужува во 20 часот, а цената за менито изнесува 200 куни.

Слични написи