Сомелиерот и неговата опрема

by ugostitelstvo.mk
somelier

Сомелиер-от за вино е обучена личност, која е запознаена со виното на професионален начин. Сомелиерите обично работат во специјализирани ресторани, а нивната примарна работа е служење вино. Тој е одговорен за листата на вина, за услугата поврзана со вино и обуката на останатиот персонал.

Тие работат во тим, бидејќи морално е да се надополнува секоја храна во ресторанот, со соодветно вино. Поради тоа, се налага познавањето и пренесување на знаењето за храната и вино, пиво и другите алкохолни пијалоци за да се работи во хармонија. Денес, улогата на сомелиерот опфаќа поголем замав, и не е посветена само на виното. Тој може да ги опфати и пивата, алкохолни и безалкохолни пијалоци, коктели, минералните води а исто така работи во самата сала и е во директен контакт со гостите. Негова задача е да направи паралела помеѓу вкусот и буџетот на гостинот. Името сомелиер во Јапонија означува личност која е експерт на посебна област, а тоа може да биде музика, пиво, пури итн.

Енологијата е наука која се занимава со сите аспекти на виното и винарстовото од гроздоберот до шишето. Стручњакот по енологија се нарекува енолог, а исто така тој може да биди и винар. Зборот ‘енологија’ е грчки (енос) и означува вино, а ‘логија’ означува наука. Енофилија пак, преставува љубител на виното, во потесна смисла, дисциплинирана посветенoст на виното, со строги традиции за консумирање и оценка.alatki

Алатките со кои располага сомелиерот

‘Спиралата’ е кујнска алатка која ги отвора винските шишиња. Својата традиционална форма, се состои од зашилена метална спирала, закачена со рачка, која се користи како завртка во плутата, која подоцна се извлекува. Спиралните одвртки се неопходни затоа што тапите се мали и мазни и тешко е да се фатат удобно за да можат да се отстранат, особено кога ќе се стави целосно во нефлексибилно стаклено шише. Поновите стилови на спирали вклучуваат различни ситеми на држачи, што дополнително го зголемува вклучувањто на сила што мора да се примени, за да може тапата да се отстрани.

otvarac

Чашите за вино се еден вид на стаклени чаши, со столче, кои се користат за пиење и вкусување на виното. Изборот на одредено вино влијае врз формата на чашата и врз неговата перцепција.

Ладилници за вино, тип на опрема која се користи за замрзнување или ладење на виното. Најсоодветни се за бели, розе или пенливи вина. Самиот нарачател може да си ја одбере посакуваната температура на виното.

Декантер претставува отворен стаклен сад, кој е елеганција на масата. Тие се користат за послужување постари вина, кои имаат поголема веројатност за акумулирање талог, од самото стоење, па така – во декандерот, кога се претура виното може да се филтрира. Тие се користат само за служење, и често се користи поради прикажување на оригиналната боја на виното.

Alessi-Mami-XL-Dekanter

Сталажа, тие се дизајнирани за шишињата да се чуваат надолу, со благ наклон кон плутата. Сталажата гарантира дека виното секогаш е во контакт со плутата, и ја спречува да се исуши, а исто така да не влегува кислород, што во крајна линија ќе го расипе виното. Може да се изработат од дрво, челик, а може да се постават огромен број на шишиња. Исто така, преставува убава декорација.

‘Јака’ на виното е додаток кој се става на шишето од виното, за да ги апсорира капките. Овој дизајн е постар од 100 години.

Слични написи