Што мислат гостите за хигиената во вашиот ресторан

by ugostitelstvo.mk
ресторан

Постојат многу работи кои можат да ги одалечат гостите од вашиот ресторан. Лошиот оброк или лошата услуга може да ги разочара и тие  да си отидат незадоволни еднаш, но постои мжност и засекогаш. Едно нешто што сигурно ќе ги одалечи е валканиот ресторан и несоодветно однесување на персоналот.

Дури и вие да не ги забележите малите нечистотии, вашите гости ќе ги забележат, обидете се да размислувате како гостин и обрнете внимание на овие детали

ПОД

Можеби се фокусирате на чиниите и приборот за јадење, односно на работите од кои гостите јадат, но не заборавајте го подот. Ако има видлива нечистотија или смет во аглите, гостите ќе се прашуваат како навистина изгледа вашата кујна.

ПРИБОР ЗА ЈАДЕЊЕ

Се разбира дека приборот за јадење се мие по секоја употреба. Но дали е навистина чист? Дали има отпечатоци од прсти или уште полошо остатоци од храна? Ова може да биде голем пресврт кај гостите, пред се тие сакаат да се фокусираат на нивниот оброк а не она што го јаделе претходните гости.

ЧАРШАВ

Додека послужувачот ја чистел масата можеби не видел и оставил неколку трошки на неа или заборавил да го замени доколку имало дамки од масло, оцет или маснотија од храната. Гостите ова веднаш ќе го забележат доколку не сте перфекционист, потрудете се да бидете еден ден гостите ќе ви се заблагодарат за совршената услуга.

country-wedding-table-set-up

ПРАШИНА НА УКРАСНИТЕ ЕЛЕМЕНТИ

Кога се прави секојдневното чистење можеби и нема да помислите на сликите, растенијата или украсните предмети наоколу но прашината и нечистотијата се забележуваат  веднаш и може да направи гостите да помислат дека не се чисти редовно.

ТОАЛЕТ

Гостите очекуваат да го најдат тоалетот во чиста состојаба, доколку сакате тие сеуште да бидат ваши редовни гости обрнете внимание на тоалетот и проверувајте го редовно, независно колку му верувате на вашиот персонал.

ЧАШИ

Машините за миење на садови не секогаш ги чистат останатиот карминот и дамките на чашите, но тоа не е изговор за чашите  да ги дадете на гостите без нивно темелно чистење. Никој не сака да размислува за усните (и бактериите) на претходниот гостин.

Слични написи