Што е Фешуада ?

by ugostitelstvo.mk

Фешуада е едно од најсаканите и најпознатите бразилски јадења, кое се состои од разни видови меса и секогаш од црвен грав. Според легендата, а и некои историчари, фешауда е создадена од бразилски робови кои ги трансформирале остатоците од рестораните во одличен деликатес. Без оглед на своето потекло, фешуадата е важен симбол во бразилското наследство.

Јадењето го добива своето име feijão, бидејќи тоа на бразилски значи грав. Според старата традиција ова се сервира според непишани правила, односно на средина од чинијата се ставаат резанки од јазик, а од страната чадено и нечадено месо. Преку месото се става течност од чорбата на гравот. Гравот се сервира посебно. Традиционално, се користи глинен лонец при подготовката.

Доколку ова бразилско традиционално јадење ви звучи примамливо во прилог на овој артикал ги имаме наведено потребните состојки за шест лица.

  • 300гр црвен грав
  • 250 гр говедско месо за варење- без коски
  • 300 гр јунешко месо
  • Eден мал телешки јазик
  • 375 гр месна сланина
  • 250 гр чадени ребра
  • 250 гр колбаси за варење
  • Eдна свинска нога
  • 250 гр колбаси
  • 125 гр кромид
  • Eдно до две чешниња лук
  • Eдна лажица маргарин
  • Магдонос и црн пипер.

Подготовка:

 Прво преку ноќта натопете ги во вода гравот, говедското месо, јазикот и сланината- во повеќе садови. Следниот ден сварете го гравот во истата вода, во која стоеше потопен, во период од два часа, и доколку е потребно, дотурајте топла вода. Истовремено сварете го јазикот и говедското месо во еден лонец, еден час и 15 минути, сварете ги и сланината, ребрата, колбасите, свинската нога, варете околу 5мин. Колбасите потребно е во врел зејтин да се пропржат. Јазикот излупете го, а говедското месо исечете го на мали парчиња. Сето месо, освен попарените колбаси, покријте ги со млака вода, и покриени варете ги уште еден час. Од гравот земете две шолји течност, и ставете ги настрана. Следно – извадете го месото и додадете го гравот. Варете половина час. По кратко време, додадете ги и колбасите. Посолете според Вашиот вкус. Издробете го кромидот и лукот и испржете го. Додадете една шолја грав и изгмечете добро со дрвена лажица. Сипете врз смесата една шолја од течноста од гравот и варете додека не добиете густа мешавина. Додадете ја мешавината на месото и гравот и варете го на тивок оган уште половина час. Измијте го магдоносот и исечкајте го ситно. Сега извадете го месото и извадете ги коските – каде што е потребно. Сите состојки исечкајте ги на резанки. Сервирајте како што Ви опишавме. Резултатот е густо и вкусно  јадење, со богат и пикантен вкус.

Слични написи