Шест совети од сомелиерите!

by ugostitelstvo.mk

Виното традиционално се дегустира со тоа што прво се помирисува плутената тапа, потоа се полни вино и чашата се врти неколку пати, откако ќе ги направите овие неколку чекори потребно е чашата да се крене на светлина за да можете да ја видите содржината. 

Еден од најпознатите сомелиери John Ragan со своето долго годишно искуство има забележано дека многу од гостите кои ги посетуваат специјализираните вински клубови се повеќе ги применуваат овие техники, но сепак не многу од нив знаат што всушност прават и како тоа точно се прави. Токму од таа причина со цел да се едуцираат љубителите на вино издвоени се шест правила кои се непотребни кога нарачувате вино.

Мирисање на виноНемојте да ја мирисате плутата – Многу подобро е веднаш да го помирисате виното, така многу полесно ќе оцените дали виното е добро или лошо.

Немојте да претерувате со вртење на виното – Доволно би било само два до три пати да ја завртите чашата за да ја почуствувате аромата на виното.

Немојте да го помирисувате виното повеќе одеднаш – Доволно е само еднаш да го помирисате, па доколку не го почуствувате очекуваниот мирис тука нешто не е како што треба.

тестирање виноЧестичките во виното не секогаш треба да ве загрижуваат – Кога го гледате виното на силна светлина најчесто ја гледате неговата боја, но доколку ги видите честичките немојте да се грижите.

Немојте да се грижите доколку користите жаргон – Кога ги опишувате карактеристиките на виното, неговиот вкус и мирис, немојте да користите странски изрази, потрудете се да го опишете божествениот пијалок со зборови кои вие мислите дека ќе ја создадат правилната слика.

Бидете конкретни за цената – Сомелиерите ќе ценат доколку бидете конкретни и искрени, кажете колку квалитетно вино сакате и по која цена.

Слични написи