По повод Меѓународниот Саем за Туризам “VAS TRAVEL FAIR 2015″ организиран од VAS GROUP денес во хотелот Холидеј Ин во Скопје се одржува средба на постојаните и идните клиенти и соработници со можност реализација на барањата и потребите за патување и релаксација.
Vas tour operator е застапен во Тирана, Приштина, Скопје, Црна Гора, Виена и наскоро се очекува да бидат отворени канцеларии во Тајланд. Целта на овој настан е сите клиенти да се соберат на едно место каде што туристичките агенции ќе ја имаат можноста директно да се запознаат со претставниците на хотелите и туристички агенции од странските земји со цел да разменат искуства и познавање од туристичкиот сектор кој треба да пренесе позитивно и поголема желба за патување кај идните клиенти – изјави Ветон Груби, претставник на Вас травел груп, организатор на саемот.
Туристичките агенции ќе имаат голем бенефит од овој настан каде што прекузапознавањето со своите соработници и ќе остварат професионална поврзаност.
Препорачани летни дестинации за оваа година се Турција, Грција, Египет и секако
егзотичните Тајланд и Малдиви со аранжмани за меден месец.
За сите посетители на овој саем ќе бидат достапни многубројни промоции и поволни цени на аранжманите кои ќе создадат нови спомени за кои подолго ќе зборувате. Доколку сте заинтересирани да патувате во некоја од егзотичните земји, а е присутна на овој настан искористете ја можноста и запознајте се директно со земјата благодарение на високо обучени претставници.
Превземено од Туризам.мк