Ресторан во кој сметката се плаќа однапред

by ugostitelstvo.mk
резервација

Да се биде угостител воопшто не е лесно, честопати може да се случи веќе договорената резервација да биде откажана, а тоа чини пари. Токму поради овој фактор честопати ќе се соочите со празни маси, а и празен локал.

 Меѓутоа, се чини сега дека угостителите го возвраќаат ударот, предводени од готвач кој е награден со Мишелин ѕвезда, кој моментално работи во елитен ресторан базиран во Лондон.

резервација

Клубот Клов ќе биде првиот ресторан во Обединетото Кралство кој ќе воведе систем на плаќање со самото барање на резервација, на тој начин ќе се осигураат од губитокот на пари доколку гостите не се појават или премногу касно ќе ја откажат својата резервација. Од месец јуни секој кој посакува да ужива во храната на готвачот кој потекнува од Глазгов, задолжително треба да остави 65 долари по особа при правење на самата резервација.

Готвачот Исак има изјавено дека со овој нов систем угостителите ќе ги задржат своите гости и нема повторно да останат со празни ресторани, а и гостите исто така доколку се одлучат да вечераат порано ќе добијат значително помала сметка.

Слични написи