Пржени краставици

by ugostitelstvo.mk

Состојки

  • 1 краставица
  • 1 јајце
  • 100 мл. млеко
  • 1 лажичка пикантен кечап
  • 100 гр. брашно
  • 50 гр. лебни трошки
  • 1/2 лажичка лук зачин
  • 1/4 лажичка бибер
  • сол
  • масло за пржење

Постапка

Измијте ја краставицата и исечете ја на кругови. Ставете ги парчињата краставица врз хартиена салфетка за да се исушат.
Во еден сад изматете го јајцето и измешајте го со млекото, пикантниот кечап и 50 гр. брашно.
Во друг сад измешајте ги лебните трошки со остатокот од брашното, бибер и лук.
Панирајте ги краставиците во смесата со јајце, па во лебните трошки.
Загрејте масло во една тава на среден оган. Пржете ги краставиците во загреаното масло околу 3-4 минути додека да добијат златно жолта боја. Вадете ги брз хартиена салфета за да се впие вишокот масло.
Послужете ги панираните краставички топли, со сос по желба.

Слични написи