„Веро Центар“ оваа година го организира четвртиот по ред „Пролетен Вино Фест“ односно „ Spring Wine Festival”. Вино фестот ќе започне на  6ти мај и ќе трае до 10 мај.

proleten-vero-vino-fest-vo-skopje-01Пред отворениот паркинг простор во склоп на “Веро Центар“ , посетителите секојдневно ќе имаат можност да уживаат во добро вино, деликатесна храна и музика за сечиј вкус. На овогодинешниот вински фестивал го славиме виното преку селективно одбрани домашни винарии во кои посетителите ќе имаат можност да дегустираат сортни македонски вина по промотивни цени. Посетителите покрај дегустацијата на доброто вино и деликатеси ќе имаат можност да се забавуваат со одлична музика. Најавени се музички имиња од македонската естрада како и од соседството. Влезот како и секоја година е бесплатен.

Слични написи