10 причини да станете бариста

by ugostitelstvo.mk
бариста

Работата сама по себе е комплицирана, но воглавно поради односот со различни луѓе. Тоа во суштина е и најтешкиот дел. Но после секој безобразен гостин кој не знае да каже “благодарам”, доѓаат и фини луѓе, после секој арогантен студент кој телефонира додека нарачува кафе доаѓаат и прекрасни млади луѓе.

Зошто луѓето се осетливи кога е во прашање кафе? Затоа што кафето е сериозно. Дали пиете црно кафе, филтер или со млеко од соја, со вкус на ванила, со повеќе шеќер или со цртеж на пената, важно е кафето. И некој мора да научи како да го подготви.

Ви посочуваме 10 причини зошто баристите уживаат во кафето и зошто и вие би посакале да бидете Бариста:

  1. Утринско задоволство

Работата како бариста може да ве направи утринска личност. Можеби 6 часот наутро за не ни постои, но тоа е всушност најубавиот дел од денот. Раното будење е позитивно искуство, поготово ако при рака имате и добро кафе.

  1. Главна причина

Ништо на светот не мириса подобро од кафе, добро можеби само неколку работи имаат подобар вкус. Што е подобро од совршено еспресо, неговата пена со боја на карамела и точки од боја на чоколадо? Нема поголема возбуда од онаа кога треба да се направи пена совршена и беспрекорна како снег и потоа да се помеша со еспресото и да се направи совршена роза .. нема подобро чувство од ова.

утро

  1. Желба за знаење

Кога еднаш ќе се заљубите во кафето ќе посакате да ги дознаете сите аспекти од подготовката на зрното до шолјата во која се послужува. Ќе посакате да дознаете од каде е потеклото на кафето, каде се пржело и како се подготвува. Своето време ќе го трошите на истражување. Знам дека ова звучи чудно, но така го ќе го поминувате поголемиот дел од времето и нема да има посреќна личност од вас.

  1. Кафе – љубител

Ќе станете тотален љубител на кафето, а совршено место за пронаоѓање на уште љубители е позади шанкот каде што се разменуваат муабети за кафето. Се работи со многу интересни и страствени луѓе кога работите како бариста. Некои од вашите најблиски пријатели со сигурност ќе ги запознаете за време на вашата смена.

organo-gold-review

  1. Природа за експериментирање

Понекогаш да се биде бариста е исто како да се биде луд научник. Како да постигнете млекото да има вкус на кикиритки, зашто има вкус како да е пржено на 3 различни начини? Зашто бадемовото млеко има вкус на дрво и како да престане да го има тој вкус? Затоа бидете свесни за целата постапка според која се доаѓа до вистинскиот вкус и обидете се подобро да ја запазите.

  1. Лате арт

Тешко е да се совлада, забавно е да се изработи и вреди секој восхит од гостите.

latte-art

  1. Чести гости

Добро утро, “американско кафе”! Како сте,” мало макиато”, Поздрав “бело кафе”, Ви зачував колаче. Да, некои гости се дрски и безобразни, некои се пристојни, а некои се и постојани гости. Без разлика дали се пријатни или депресивни при комуникација, тие ни се познати и ја изразуваат својата благодарност враќајки се секој ден.

  1. Именување на баристата

Баристите обожуваат кога гостите сакаат да им се обраќаат со нивното име,. Повеќето постојани гости ги знаат имињата на целиот персонал, а тоа прави персоналот да се чуствува топло и убаво.

barista

  1. Напојница

Секоја напојница е добредојдена, баристите како и послушувачите не се најплатени луѓе на планетата. Гостите кои оставаат добра напојница прават уште повеќе да ја сакате вашата работа, што покажува дека ја препознаваат и разбираат вештината која ја имате и ги радувате со секоја ваша нова креација.

  1. Предности

Додека сте на работа можете да испиете неограничена количина на кафе. Кога не сте на смена, можете да дојдете и да испиете кафе по евтина цена. За разлика од многу други кафеџии, баристот создава вкус за кафе кој станува вкоренето задоволство, а не само неопходност. Тоа секако е привилегија.

Слични написи