Нема ништо поубаво од уживањето во празничната трпеза со семејството. Важноста на храната најмногу се истакнува на Велигден, бидејќи овој голем христијански празник симболички претставува почеток и обнова на животот, па и јадењето кое на овој празник се подготвува ја поддржува таа традиција. Токму за овој празник ugostitelstvo.mk ви препорачува.
Појадок – Лепчиња со јајце
Вкупно време на подготовка: 20 мин, Печење: 20мин.
Рецепт за 4 особи.
Состојки:
- 250 гр исечкана сланина
- 4 лепчиња во форма на топка
- 250 гр убаво исечкани печурки
- 4 јајца, малку сол, малку пипер
- 250 гр пармезан
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 160° Целзиусови. Во мала тава, пржете ја сланината и мешајте додека не добие румена боја. Кога е готова извадете ја, и ставете ја на хартија да отстои, за хартијата да ја впие мрснотијата. Во меѓувреме, извадете го внатрешноста од лепчето и направете доволно голема дупка да можетеа да ги сместите јајцата На сланината додадете и ги печурките, изронатиот внатрешен леб, и промешајте. Таа смеса ставете ја во шупливото лепче, и потоа скршете јајце во секое од нив. Наросете со сол и пипер, и убаво посипете ги со пармезан. Печете 18-22 мин или додека јајцето не е доволно испечено.
Ручек – Бавно печено јагне со цимет, анасон и цитрус
Вкупно време на подготовка: 4 часови и 20мин
Рецепт за 6 особи
Состојки:
- 1 нога од јагне
- Кора од лимон и сок од 1 лимон и портокал
- 4 лажици маслиново масло
- 2 лажици мед
- 1 лажица масло од цимет
- масло од анасон и 1 лажица масло од ким
- 3 чешниња истолчен лук
Подготовка:
Ставете ја јагнешката нога со сите сокови да се маринира цела ноќ. Следниот ден, извадете го јагнете од фрижедер барем 1 час пред да се готви. Затоплете ја рерната на 220° Целзиусови. Земете го јагнето од маринадата и ставете го во рерната. Печете 15-20мин. Потоа, извадете го месото, ставете ги останатите состојки ставете ги рамномерно. Завиткајте ја ногата во алумиумска фолија и повторно печете околу 4 часови, на умрена температура. Одвиткајте ја ногата и сервирајте.
Вечера – Цезар салата со варени јајца
Состојки:
- Половина багет исечен на коцки
- 4 лажици маслиново масло, сол и бибер
- 1/4 сок од свеж лимон
- 2 лажици рендан пармезан
- 2 лажици мајонез
- 2 парчиња филети сардина
- 1 лукче
- 8 тврдо варени јајца
- јајца сечкани на поголеми парчиња
- 2 марули кои исто се сечат на парчиња
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 220° Целзиусови и ставете ги багетите во плех. Намачкајте ги со маслиново масло и ставете ги да се потпечат од 10 до 15 мин. Во блендер се комбинира сокот од лимон, пармезанот, мајонез, сардината, лукчето, 4-те варени жолчки, и останатото маслиново масло. Ставете сол и пипер според вкус. Миксате додека смесата не се изедначи. Потоа, во голем сад, најпрво ја ставате марулата, останатите белки и јајцата, па потоа смесата кој ја миксиравте. Комбинирајте со бело вино и уживајте во празничната атмосфера. Добар апетит.