Послужувањето на храната нека биде уметност

by ugostitelstvo.mk

Изгледот на јадењето и послужувањето се најбитните работи во угостителството, всушност тоa може да го одбие или да го примами гостинот. 

Постојат многу начини на кои јадењето може да се презнетира во ресторанот, но како ќе знаете кој  од нив е правилниот?

Совршениот спој на состојките , презентацијата, додатоците, начинот на кој јадењето е поставено во чинијата, како и боите го прават јадење комплетно.

Презентирањето на јадењето е работа која може да ја направи послужувачот, готвачот, или пак личност која е обучена да ја презентира храната во ресторанот.  Но, личноста која ќе ја презентира храната потребно е да биде директно запознаена со состојките на јадењето.

послужувањеЗа почеток  ви ги посочуваме  основните правила  кои е добро да ги практикувате за време на сервирање и презентирање на храната,

  1. Чинијата никогаш нетреба да биде преполна, а ниту пак празна.
  2. Осигурајте се чинијата да има соодветен контраст
  3. Надворешните работи од чинијата оставете ги празни.
  4. Асиметричните облици секогаш се добредојдени, тие се многу поинтересни.
  5. Сосевите послужувајте ги одвоено и не претерувајте со нив.
  6. Измешајте меко и крцкаво јадење, светло и темно, големо и мало.
  7. Кога се работи за големината на јадењето, дрежете се до униформноста.

Вертикална форма на презентирањето на храната

Вертикалната форма најчесто се користи за презентација на елегнтни  јадења во елитните ресторани со поголем углед. Овој начин на сервирање на храната создаваат мали ремек дела. Јадењето се поставува најчесто на средината од чинијата, а остатокот останува празен или е дискретно украсен со сосови или зачини.

Овој начин воопшто не е идеален за рестораните за брза храна, бидејќи за вакво ремек дело потребно е време, уметност и вежбање.

Апстрактни форми и презентирање на храната

Многу различни бои на чинијата најубаво ќе го опишат и доловат вкусот на самото јадење, а кај вашиот гостин ќе украде насмевка. За овој вид на храна се користат обични големи бели чинии, а јадењето во нив изгледа секогаш природно. Јадењата кои располагаат со многу бои се послужуваат на случаен и интересен начин.

Јапонски начин на презентирање на храна

јапонски стилЗа јапонски начин на презентирање на храна карактеристично е да нема многу храна во самата чинија, таа подобро би било да е одвоена во повеќе посебни чинии. Овој начин на презентирање на јадење ги отстранува сите сомнежи околу соединување на боите и формите. Чиниите во кои се сервира храната превзема главна улога во изгледот на јадењето тие можат да бидат многу едноставни или пак да бидат украсени со многу различни мотиви.  Како што послужувањето на храната е популарен чекор исто така и подготовката на храната пред очите на гостите се популаризира, која е и дел од маркетингот на ресторанот. Јадењата кои се припремаат пред очите на гостинот најчесто се ладни јадења, тестенини, топло месо,  јадења од риба и десерти.

Во популарните ресторани послужувањето на јадењата на некој специфичен начин или вид на акробација воопшто не е изненадување.

Потрудете се околу своите јадења, тие нека го освојат вашиот гостин. 

Слични написи