Точење и послужување на безалкохолни пијалоци

by ugostitelstvo.mk

Газираните и негазираните сокови денеска се многу популарни и барањето на овие пијалоци во угостителските објекти се во пораст.

Ова се безалкохолни пијалоци кои произведувачите ги нудат со  многу вкусови ,како што постојат правила за точење на одредени алкохолни пијалоци и пиво така постојат и одредени правилата за точењето на овие пијалоци. Кај природните овошни сокови како што е лимонадата или свежо цеден сок постојат два различни видови на послужување. Нормата за свежо цедениот сок е 0,5 литри во кои се додаваат две лажици шеќер и неколку коцки лед и секако после оваа кратка и добро позната процедура гостите се послужуваат со пијалокот.

тропски коктели

Со високите летни температура во угостителските објекти расте и барањето за свежите сокови. Кога гостинот во вашиот објект ќе побара од вас природен сок истиот потребно е да го донесете и да биде отворен пред гостинот. Сокот се послужува на температура помеѓу 8 и 10 степени целзиусови.

Покрај тоа што сега знаете дека сокот се отваоа пред гостинот и температурата на која треба да се послужи, треба да знаете дека чашата со пијалокот се поставуваат од десната страна на гостинот. Во категоријата на сокови освен негазираните постојат и газирани сокови кои се послужуваат на истиот принцип како и природниот, само со една мала разлика, во чашата која е наменета за газираниот пијалок се надополнува со коцки лед.

Многу е битно да знаете кој пијалок во каква чаша се послужува, ако се придржувате до правилата, вашите гости ќе ве гледаат вас како вистински професионалци и ќе го ценат вашиот вложен труд.

Слични написи