Подгответе совршена маринада

by ugostitelstvo.mk

Маринирањето е хармонична и неопходна техника. Таа го подобрува вкусот на месото и прави чуда со зеленчукот и овошјето. Не бара специјална опрема и вклучува едноставни чекори за да дојде до посакуваниот резултат. Маринадата се однесува на жива храна (обично месо). Оваа техника почнала да се употребува уште во ренесансата, се со цел мешавината да помогне да се зачува храната сочна подолго време. Иако се смета дека маринадата целосно го опфаќа месото, таа само ја посипува површината, и има мал ефект на ентериерот.

Малите и тенки парчиња месо се генерално добри кандидати. Поголемите парчиња немаат голема корист од маринадата, бидејќи нудат голема површина. И свежиот зеленчук, како и печурките, тиквичките, модриот домат апсорбираат многу од маринадите, и се превкусни ако се подготвуваат на скара.

Состојки за маринада

Многу маринади вклучуваат кисел елемент, како што се лимон или оцет, кои го подобруваат вкусот, исто така и лукот, сојата, рузмарин, сол, црн пипер, кари, кромидот, се во зависност што приготвувате.  Маслиновото масло е уште еден важен составен дел во маринадата, и освен што придонесува за вкусот, маслото помага храната да остане влажна. Важно е да се напомене дека во маринадите каде има алкохол, не треба да се готви над 165 степени, бидејќи храната ќе има вкус на алкохол.

маринада за пилешко

Маринадите најдобро е да стојат во садови од стакло, керамика, пластика или нерѓосувачки челик. Реактивни метали како алуминуим или бакар ќе одговори на киселините од храната. Кога се маринира месо или риба, тоа мора да стои во фрижидер. Времетрењето на маринадата заедно со храната зависи од истите. На пример рибите, школките, овошјате обично се впиваат за пократок временски период – од 20мин, до неколку часови, додека за месото е потребно од еден до два дена.

Потребно е да се напомене дека ако месото се впива во многу кисел сос, неговата текстура може да се претвори во зрнеста ако стои предолго (повеќе од 5-6 часови). Во рецептите каде се додава сол, таа се посипува по храната, и не се вклучува во маринадата.

Во помал сад, измешајте ги убаво состојките и полијте го пилешкото месо. Колку повеќе ќе се маринира, толку подобар вкус ќе добие месото.

Маринада за пилешко

Состојки:

  • 1 1/2 чаша масло,
  • 3/4 чаша сос од соја
  • 1/2 чаша Вустершир сос
  • 1/2 чаша вински оцет
  • 1/3 чаша сок од лимон
  • 2 лажички сув сенф
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка црн пипер
  • 1 1/2 ситно мелен свеж магдонос.

Слични написи